
24 годишно момче загина во сообраќајна несреќа на излез од Битола по судир со комбе
Дваесет и четири годишно момче од могилското село Чарлија загина попладнево по тешка сообраќајна несреќа на излез од Битола.
Како што веќе објавивме, се судриле комбе кое превезувало вработени во фирмата Кромберг и Шуберт. Според првичните информации, автомобилот изгубил контрола и удрил во мини бусот.
Во Клиничката болница во Битола најголемиот дел од повредените се пренесени со полициски возила и возила што биле на местото на несреќата, а противпожарната единица прави напори да го изнесе возачот на патничкото возило за кое очевидци на несреќата велат дека починал веднаш по сударот.
Се очекува СВР Битола да излезе со официјално соопштение за тешката сообраќајна несреќа во Битола.