
24 годишен Македонец со 2,5 промили алкохол направил две сообраќајки во Србија, полицијата го уапси!
Припадници на Министерството за внатрешни работи во Јагодина му одредиле притвор на 24-годишен државјанин на Македонија, кој вчера возејќи „тојота“ предизвикал две сообраќајни незгоди, а во крвта имал 2,52 промили алкохол.
Се сомничи дека најпрвин удрил во паркирана „шкода“ сопственост на 73-годишна жена, а потоа пред сообраќајната полициска станица удрил во полициско возило кое било на пат да изврши увид по пријава од сопственик на „шкодата“ , известија од Полициската управа во Јагодина.
Алкотестот открил дека тој возел со 2,52 промили алкохол во неговиот систем.
Против возачот ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава.
Фото: Архива