Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 24 години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила
Македонија

24 години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила

10/08/2025

AA

Денес во Општина Ѓорче Петров се одбележаа 24 години од загинувањето на македонските бранители Томе Димоски, Ивица Златевски, Раде Јанковски, Томислав Настевски, Ацо Ангеловски, Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев и Марјанчо Бошковски. Храбрите војници ги положија своите животи на 10 август 2001 година, во месноста Љуботенски Бачила, бранејќи ја татковината.

Градоначалникот Александар Стојкоски, заедно со претставници на Општината, положи свежо цвеќе на неколку споменици во нивна чест – на споменикот на херојот Томислав Настевски во Ѓорче Петров, на Споменикот на бранителите во реонскиот парк и на Споменикот на македонските јунаци во Волково.

„Тие не се само имиња – тие се нашата колективна совест, нашиот завет и нашиот обврзувачки спомен. Нивната храброст ја искова слободата што денес ја живееме. Нашата должност е да паметиме и да ја пренесуваме нивната жртва на идните генерации,“ порача Стојкоски.

Во својата објава, тој додаде дека жртвата на бранителите е „знаме“ и „обврска“ за сите граѓани, потсетувајќи дека со челична решеност ја бранеа секоја педа од татковината.

Настанот беше одржан со присуство на семејствата на загинатите, претставници на институции и граѓани, кои со едноминутно молчење им оддадоа почит на паднатите херои.

„Вечна им слава и благодарност. Да живее Република Македонија,“ заврши пораката на градоначалникот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy