
21-годишен гостиварец претепан на автопатот Гостивар-Тетово – претходно со лице од тетовско се скарале во кафеана
Ноќеска (26 декември) во 1 часот и 30 минути, Ј.И.(21) од гостиварско Чајле во СВР Тетово пријавил дека на автопатот Гостивар-Тетово бил физички нападнат од едно лице од тетовско.
На нападот му претходела нивна меѓусебна расправија во угостителски објект во Тетово, каде престојувал заедно со уште три лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.