Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 2025, ГОДИНА НА ИЗВОЗ, ИНВЕСТИЦИИ, ИНФРАСТРУКТУРА, СО МИНИМУМ 3 ОТСТО РАСТ
Економија

2025, ГОДИНА НА ИЗВОЗ, ИНВЕСТИЦИИ, ИНФРАСТРУКТУРА, СО МИНИМУМ 3 ОТСТО РАСТ

16/12/2024

AA

Политичките лидери од Балканот во Брисел, Коморските во
Скопје, недела неработен ден под лупа, економски развој на државата само со
минимум раст од 3% на БДП – СРЕЌНА НОВА 2025

Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ),
асоцијација која ги обединува шесте стопански комори од регионот на Западен
Балкан, утре (17.12.2024 г.) во Скопје ќе ја одржи својата 33та седница, на
која домаќин ќе биде потпретседателот на Коморскиот инвестициски форум и
претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески.

На седницата, лидерите на коморите од регионот ќе
дискутираат за клучните приоритети во активностите на Коморскиот инвестициски
форум во 2025 година, имајќи го во вид отпочнувањето на примената на новиот
Акциски план за Заеднички регионален пазар, во кој КИФ е активно вклучен во
структурата на управување со процесот во однос на имплементацијата и
надгледувањето на мерките предводени од приватниот сектор.

Со усвојувањето и имплементацијата на стандардите на ЕУ,
како основа на мерките во рамките на Заедничкиот регионален пазар, Акцискиот
план служи како важна пристапна порта кон единствениот пазар на ЕУ во многу
сектори и како алатка за унапредување на процесот на пристапување во ЕУ, и
затоа вклучување на стопанските комори од регионот со активности, преку КИФ во
овој процес, е од клучно значење за максимизирање на придобивките.

На домашен план како да започнаа да се заокружуваат клучните
економски активности. Се донесе буџетот, се финишираат активностите со
унгарскиот кредит, Бехтел и Енка се внесени во извршување на работите,
странските инвестиции продолжуваат, на анализа одат неколку суштински закони
меѓу кои и Законот за работни односи во делот на недела неработен ден. Што
значи после три годишна 
имплементација  Законот оди на
преиспитување.

Растот на Бруто домашниот производ од 3% за третото
тромесечие дава поттик и надеж за акција – 2025 да биде година во која секоја
нареда година ќе имаме повисока стапка на раст. За таа цел, Комората во петокот
(13.12.2024 година) организираше два настани кои ги фокусираат нашите
приоритети – борба против корупцијата и градење вештини за потребите на
бизнисот во високо образовните институции, како продолжение на се` она што го
направивме во дуалното образование во средните училишта.

Да резимираме, бизнисот е структура која работи на долги
патеки и во моментов претставува единствен кохезионен партнер на нашите
простори: меѓудржавни, меѓунационални, меѓуверски, генерациски итн.

Нашиот предлог е сосема едноставен. Поддржете ги нашите
вакви определби, за да може бизнисот да Ве поддржи вас.

П.С. После новогодишните празници нашите активности
продолжуваат, а ќе започнат со две значајни работи:

1. Во Скопје ќе се одржи работна средба на Асоцијацијата на
Балкански Комори (АБК), на која исклучиво ќе се разговара за развојот на
инфраструктурата на Балканот во функција на развој на бизниот, особено за
железницата која е рак рана на транспортот како важна алатка во нашето
работење. За таа цел, оваа недела ќе имам работни средби со моите колеги од
Грција и Турција, Масутис и Хисарчиклиоглу, на кои ќе ги дефинираме заклучоците
на АБК.

2. На домашен план, ќе стартуваме со отворање на Институтот
за извоз кој што произлезе од проектот “Поддршка на приватниот сектор за
регионална интеграција”, кој се спроведува во партнерство со УСАИД, со новиот
состав на Националниот совет за извоз како обединувачко тело на приватниот и
јавниот сектор во делот на извозот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy