
20 метарска елка и ѕвездено небо: Струмица обвитката во новогодишна магија!
И Струмица од синоќа блесна во новогодишна магија.
Градоначалникот Костадин Костадинов порача дека токму кај нив е најголемата елка поставена во државата.
Се работи за елка висока 20 метри.
„Во Струмица не сакам да има простор за омраза, црнила и лаги. Сакам деновите кои ни претстојат да ја уживаме позитивата, љубовта, радоста на празниците! Новогодишните бои ја разубавија Струмица. Започна претпразничната магија! И оваа година Струмица блесна во полн сјај со новогодишното украсување на повеќе локации во градот. Најголемата елка во државата поставена на градскиот плоштад, а новогодишниот амбиент е надополнет и со други светлосни фигури. Нека ни биде најубаво и весело! Од срце за сите вас драги мои!“, напиша тој.

