
20 дена тунелот бил надгледуван, но никој не продолжил да копа – Тахири вели наместо пофалба добил политички отказ
Дваесет дена го надгледувале тунелот, но никој од затворениците не дошол да продолжи да копа.
Доскорешниот директор на затворот Идризово Шпенд Тахири за Телма истакнал дека наместо пофалба за поткритието добил политички отказ.
Тахири вели дека не може да потврди дали некој од вработените затворски службеници им помагал на осумтемината затвореници во филмскиот план за бегство.
„Дознавме на 15ти февруари дека е ископан тунел. Поставивме контрола и заедно со управата за извршување на санкции приметивме една локација со тазе бетон. Тунелот бил во една просторија каде осудените лица ја користеле за шетање. Постапката е од 01.03 до 17.03, а реализацијата беше на 21.03. Секој ден очекував да ме разрешат, но сепак си продолжував со работа. Тунелот е успех, а разрешувањето е политички реваншизам“, вели Тахири.
Извор: Телма