
193 не е во функција во Струмица, повикувајте пожарна на 112
Бројот 193 во моментов е надвор од употреба во поширокото подрачје на општина Струмица.
„Поради технички проблеми телефонскиот број 193 моментално не е во функција. Во случај на пожар или друга елементарна непогода повикај: 112“, велат од пожарната во Струмица.
Попладнево овие делови од Македонија беа зашатени од силно невреме. Едно лице загина по удар на гром.
