Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 19 лица загинаа по одрон во Кина
Македонија

19 лица загинаа по одрон во Кина

07/06/2023

AA

19 лица загинаа во лизгање на земјиштето во неделата во провинцијата Сечуан, југозападна Кина, објавија кинеските државни медиуми. Во првите информации за несреќата локалната самоуправа пријавила 14 загинати и пет исчезнати, но телата на вторите подоцна биле пронајдени, пишуваат службените весници.

Свлечиштето се случило на врвот на планина, на местото на шумска фарма, во близина на градот Лешан, велат овие извори. Во 20:00 часот (14:00 часот по средноевропско време) беше пронајдена 19-та жртва и потрагата по исчезнатите беше прекината, објави кинеската државна телевизија CCTV.

Повеќе од 180 луѓе се испратени на местото на несреќата за да најдат преживеани, соопштија локалните власти. Местото на несреќата е во планинска област, на околу 240 километри јужно од Ченгду, административниот центар на покраината. Во таа рурална провинција живеат околу 40.000 луѓе главно од шумарство и земјоделство.

Одроните се честа опасност во планинските и руралните области на Кина, особено за време на сезоната на дождови. Во свлечиштето што се случи во Сечуан во 2017 година, беше затрупано цело село со околу шеесетина куќи.

Фото: Илустрација

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy