
18 малолетници пиеле алкохол синоќа во Битола, полицијата ги предаде на родителите
На 15/16.09.2023 во периодот од 23:30 до 02:10 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола спроведена е акциска контрола на подрачјето на Битола во угостителски објекти, при што во еден објект во Битола затекнати се 50 малолетници после полноќ, од кои 18 консумирале алкохол.
Тие се предадени на нивните родители, а по документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави. На 15.09.2023 во 22.15 часот полициски службеници од СВР Битола во угостителски објект во Битола ги лишиле од слобода Л.К.(31) од Скопје и В.М.(22)од Битола, кај кои е пронајдена бела прашкаста материја.
