Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 18 илјади вработени во основните училишта без јануарска плата, законските рокови поминати!
Македонија

18 илјади вработени во основните училишта без јануарска плата, законските рокови поминати!

17/02/2026

AA

Речиси 18.000 вработени во основното образование сè уште ја чекаат јануарската плата, иако законските рокови за исплата се веќе поминати. Ова доцнење предизвика бран незадоволство меѓу просветните работници, кои преку социјалните мрежи бараат одговори за празната државна каса.

Од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) го потврдија доцнењето, но смируваат дека станува збор за технички проблем. Според нивните информации, ресорното Министерство за образование и наука (МОН) навреме ги доставило пресметките до трезорот.

„Списоците се благовремено доставени, но од објективни причини во Министерството за финансии се доцни. Не уверуваат дека денес платата конечно ќе биде исплатена“, соопштија од СОНК преку нивната официјална Фејсбук страница.

Иако од синдикатот велат дека причините се оправдани, наставниците на социјалните мрежи реагираат дека сметките и кредитите не чекаат „објективни причини“. Ова не е првпат просветните работници да се соочуваат со неизвесност за своите лични доходи, што дополнително го револтира наставниот кадар во ек на зголемени животни трошоци.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy