Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 16 годишниот убиец од Прилеп имал психички проблеми и листа со 10 лица кои треба да се убијат
Македонија

16 годишниот убиец од Прилеп имал психички проблеми и листа со 10 лица кои треба да се убијат

05/03/2024

AA

16 годишниот убиец на 16 годишниот другар имал психички проблеми, потврудаат за Алфа од училиштето каде што учел.

Тоа дете-убиец требаше да се лекува, а не слободно да шета наоружан со ножеви и да убива по напишан список“, обвинува мајката на 14-годишниот Александар Димов.

„Уште сум во шок јас. Како мајка не можам да се помирам дека ми го нема повеќе детето. Еднаш се скарале на продавница, сакал со пивско шише да го удри, само едно другарче го тргнало и така го спасило. И сега, некни му рекол – дојди Прилеп да се видиме. Не можеше тука да го стори убиството, му направи стапица во Прилеп. Го планирал овој убиството. Правда, да не излезе од затвор, никогаш да не излезе, само правда барам, оти ако го пуштат, тој и други деца ќе отепа, оти си имал список, си планирал, список си имал со 10 деца да отепа“, – низ солзи раскажува Маријана Димова, мајка на убиениот Александар Димов.

„Ако не беше во ред, требаше мајка му да си бара чаре, а не вака детето да ни настрада ни криво, ни должно, за што? Социјални грижи каде се, ова не е маче, не е куче, дете е бе. 14 години да го гледаш и од раце да ти го земе некој“, – плачејќи вели Анита Спасеска, тетка на убиениот Александар.

Во селото Сенокос од каде потекнуваат и двете деца, и соселаните раскажуваат дека осомничениот бил опасен. Напад со нож неодамна имал и врз повозрасен човек, без облека трчал низ селото, а многу лесно започнувал и кавги и тепачки употребувајќи разни опасни предмети, најчесто ножеви. Напади со нож имал и врз соученици во училиштето каде што учел.

„Порано беше како подобро детенце, ама сега откако се затвори, почна да прави и проблеми по селово. Во Прилеп во училиштето имаше еден ист таков случај со ножови за да се одбрани. Детево како да „одлепи“, почна да тренира, трчаше сам, не се дружеше многу, не комуницираше со луѓе. А Александар пак, беше супер детенце. Другарство големо имавме со Александар, ама сега ова не можам да го опишам каков монструм да го убие, значи масакар, ова, ова е..масакар го направил“, – вознемирено ни раскажа другар на убиениот Александар.

„Од училишните служби беа преземени сите мерки,  разговаравме со него и со мајката, пријавувавме во Центарот за социјални работи, па дури, на наше барање, беше испратен и на лекување во Прилеп, и во Скопје. Но, очигледно, надлежните институциите не си ја завршија работата и за жал, дојдовме до ваков фатален исход, од кој и ние стравувавме“, – рекле за Алфа од училишните служби.

Инаку, осомничениот 16-годишник,  веќе е во 30-дневен притвор, определен од судија за деца, а по барање на прилепското обвинителство. Тој се сомничи дека со 10 убоди од нож го усмртил 14-годишниот Александар Димов во центарот на Прилеп на 29 февруари околу 19.30 часот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy