
16 години од смртта на познатиот пејач Тоше Проески
Денеска се навршуваат 16 години од смртта на еден од најпознатите македонски пејачи со ангелски глас, Тоше Проески.
Проески трагично го загуби животот на 26-годишна возраст на 16 октомври 2007 година, во страшна сообраќајна несреќа што се случи на автопат во Хрватска.
Веста за неговата смрт го потресе целиот Балкан, а многумина и денес, 16 години подоцна, не можат да се помират со големата загуба.
Семејството, пријателите, фановите и бројните колеги на Тоше од година во година со емотивни зборови ја одбележуваат годишнината од неговата смрт и ја искажуваат својата тага за прекумерната загуба.
