Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 15.620 ученици денеска полагаат државна матура
Македонија

15.620 ученици денеска полагаат државна матура

27/05/2023

AA

Оваа учебна година за државната матура се пријавиле 15 620 ученици. Од нив 6 750 од гимназиско образование, 8 598 од средно стручно образование и 272 од средно уметничко образование, информираат од Државниот испитен центар (ДИЦ).

Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење учениците екстерно полагаат два предмети, два интерно и проектна задача. Задолжителен испит за сите е мајчиниот јазик.

Првиот екстерен предмет, мајчиниот јазик, се реализира утре.

Македонски јазик и литература ќе полагаат 10.768 кандидати, албански јазик и литература 4.380, а 357 турски јазик и литература.

На 10 јуни во сите средни училишта ќе се полага вториот екстерен предмет. Матурантите од гимназиско образование и од средно стручно образование избираат помеѓу странски јазик и математика, а од музичките училишта помеѓу естетика и странски јазик, а од средното уметничко училиште помеѓу филозофија и странски јазик.

-Како и секоја и оваа година најмногу матуранти избрале да полагаат англиски јазик и тоа 13.922. Бројот на кандидати кои се пријавиле да ги полагаат останатите странски јазици е многу помал. Француски јазик ќе полагаат 29 кандидати, Германски јазик 122, а Руски јазик само 17 кандидати. Математика оваа година ќе полагаат 1.397 кандидати, Филозофија 7 и Естетика 81 кандидат, информираат од ДИЦ.

Оттаму посочуваат дека испитниот материјал се доставува во училиштата и се враќа во ДИЦ истиот ден кога се реализира испитот. Сите испити почнуваат во 10 часот.

-Во процесот на реализација на матурата во училиштата се ангажирани и 2.107 наставници како тестатори и околу 200 набљудувачи од повеќе образовни институции. На сите матуранти им посакуваме успешно да ги положат испитите, се наведува во соопштението од Државниот испитен центар.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сведочеше инвеститор: Мајката на Ристов уплатила околу 400.000 евра за

01/09/2026
Македонија

39-годишен маж пронајден починат во дворот на Клиничката болница во

01/09/2026
Македонија

Тешка сообраќајка кај Кичево: Загина 75-годишен возач, тројца повредени

01/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Првачињата да се борат за знаење, а не само

01/09/2026
Македонија

Јаневска со порака до првачињата: Освен знаење од родителите барајте

01/09/2026
Македонија

Битката за Пелистер заврши по 72 часа: Пожарот ставен под

01/09/2026
Македонија

Тошковски: По 30 години повторно се создава нова генерација полициски

01/09/2026
Македонија

МВР: Меѓународната потерница по Симеон Михаилов сè уште е активна

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45374
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сведочеше инвеститор: Мајката на Ристов уплатила околу 400.000 евра за станови

01/09/2026

Сведочење на инвеститор во недвижности предизвика нови прашања во постапката против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, кој се товари за противправно

39-годишен маж пронајден починат во дворот на Клиничката болница во Битола

01/09/2026

Тело на 39-годишен маж вчера било пронајдено во дворот на Клиничката болница во Битола, информираат од СВР Битола. Станува збор

Тешка сообраќајка кај Кичево: Загина 75-годишен возач, тројца повредени

01/09/2026

На 31.08.2026 во 20:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод се случила

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy