
14 МАЛОЛЕТНИЦИ ЗАТЕКНАТИ ВО КАФУЛИЊА ВО КУМАНОВО ПОСЛЕ ПОЛНОЌ Едно пијано момче било пренесено на Клиника во Скопје

Полицијата затекнала 14 малолетници после полноќ при контрола во угостителски објекти во Куманово.
На 13 и на 14.12.2025, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд извршија контрола на четири угостителски објекти на подрачјето на Куманово.
При контролата, извршено е легитимирање на 74 лица, а во два објекта се затекнати малолетници после 24:00 часот. Притоа, во еден објект од слобода е лишена С.В.(45), која го изнајмила просторот, затоа што се затекнати 14 малолетници, од кои еден бил под дејство на алкохол и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд изрекоа глоби на објектите поради сторени прекршоци по Законот за угостителство.
По целосно документирање на случајот, против одговорните лица ќе биде поднесена соодветна пријава.
.
