Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 134-та владина седница – ова се новите одлуки!
Македонија

134-та владина седница – ова се новите одлуки!

07/03/2023

AA

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, на предлог на Комитетот за преговори за склучување на Договорот за градење на Коридорот 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, го одобри склучувањето на договорот со избраниот стратешки партнер, конзорциумот Bechtel и Enka, предвидено за утре, 08.03.2023 година. Со тоа, ќе се овозможи почеток на изградбата на овие важни проекти и реализација на оваа многугодишна стратешка определба за инфраструктурно поврзување на Република Северна Македонија со регионот, што ќе придонесе и во економскиот развој на државата.

Владата го разгледа и утврди Предлогот на закон за ратификација на Договорот за соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, за враќање на незаконски изнесени икони во земјата на потекло, предложен од Министерството за надворешни работи и одлучи да го достави до Собранието на Република Северна Македонија.

Со ратификацијата на Договорот, според образложението од Министерството за надворешни работи, исклучително вредното културно наследство, за кое што претходно се договорија Северна Македонија и Албанија, ќе биде вратено во Република Северна Македонија. Ова ќе ги продлабочи и унапреди културните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија и ќе ја манифестира сериозната посветеност на двете држави во ефективната заштита на културното наследство и имплементацијата на меѓународните конвенции од оваа област.

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата од Министерството за култура за претставувањето на колекција на Музејот на современа уметност – Скопје, во Кунстхале – Виена.

Посетителите во Виена, според образложението од Министерството за култура, ќе може да видат 94 дела од колекцијата на НУ Музеј на современа уметност, меѓу кои дела на Мартиновски, Пандилов, Перчинков, Владимирски, Тодоровски, како и од Вазарели, Пикасо, Кац и други. Концептот на изложбата предвидува и присуство на уметници од светот, кои ќе направат своја селекција на делата од колекцијата и ќе осмислат своја поставка. Преку реализацијата на оваа изложба ќе се унапреди досегашната меѓународната соработка со постоечките партнери, кураторскиот колектив WHW од Кунстхале во Виена, кои се воедно и раководни лица на институцијата, со потенцијал за проширување на соработката и со други партнери и сродни институции на билатерално и мултилатерално ниво.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy