
13 февруари-Светски ден на радиото
Пуштете го денеска радиото и слушајте добра музика!!!
Целта е да се подигне свесноста за значењето на радиото меѓу јавноста и медиумите, да се охрабри вмрежувањето и меѓународната соработка меѓу радиодифузерите и да се промовира пристапот до информациите и слободата на изразување преку брановите на овој медиум.
Радиото, како универзален медиум кој досега до различни заедници и маргинализирани групи, нудејќи притоа забава, едукација, користење на правото на слобода на изразување, јавни дебати, е составен дел од секојдневието на многумина. Со развојот на интернет и мобилните технологии уште повеќе се зголемуваат неговите досегашни можности.