Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 112: Една година бројот за итни случаи кој ги поврзува полиција, пожарна и брза помош
Македонија

112: Една година бројот за итни случаи кој ги поврзува полиција, пожарна и брза помош

11/02/2023

AA

На денот на Европскиот број за итни случаи, на 11-ти февруари, годинава 2023-та, се заокружува една година функционирање на бројот 112 во Центарот за управување со кризи во нашата држава, Република Северна Македонија.

Големиот европски проект, преточен во дело, Е – 112 во ЦУК, при ова едногодишно функционирање се надоградува „во движење“, согласно потребите и можностите преку менаџирањето на актуелните функционери, директорот Стојанче Ангелов и заменик директорот, Екрем Зендели, а со голема поддршка на Владата и на Европската Унија. Секако, тоа е поткрепено со голем работен ангажман и ентузијазам на вработените во ЦУК кои се мотивирани и свесни и за историскиот момент во којшто учествуваат при имплементирањето и функционирањето на 112 во нашата држава согласно европската и светска патека за современо заокружување на безбедносните и одбранбени капацитети во земјава.


Неодминливо е да се напомене дека големата општествена одговорност на медиумите и свесноста на граѓаните за современата потреба од овој европски број за барање помош при итни случаи придонесе да функционира и да се развива 112 како број што корисно ги поврзува сите: и граѓаните на коишто им е потребна помош и тие коишто помагаат на граѓаните при итни случаи, поточно, Полицијата, Итната Медицинска помош, Пожарникарите, ЦУК и сите координирани институции во Системот за управување со кризи на локално и на државно ниво.

Инаку, аспирациите за можното функционирање на Е-112 и во нашата држава, како и во Европа и Светот, датираат од формирањето на ЦУК од 2005 година, а и пред тоа, поточно од почетокот на функционирањето на 112 во Европската Унија од 1991 година. Но, поконкретните чекори почнаа од 2016-та година преку европски проект за воспоставување на телефонскиот број за итни повици, случаи, Е-112 во рамки на програмата за финансирање „ИПА 2“. Со тоа, преку Европската комисија, претставувана од Делегацијата на ЕУ во Скопје, со овој проект што сега веќе и една година е реализиран, функционален и се доразвива во ЦУК, се придонесе да се исполни обврската на нашата држава за да се усогласи со европската директива 2008/113/ЕС при пристапните преговори со ЕУ, при што беше предвидено дека Е – 112 треба да биде целосно имплементиран. Општата цел на тој процес на имплементација беше во насока да се зајакнат капацитетите на соодветните институции, за да се обезбеди континуирана координација, навремена реакција, ефикасно и соодветно искористување на расположливите можности и ресурси во случај на криза, како и навремена, квалитетна и реална проценка на ризици и закани за безбедноста на земјата.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy