Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 11 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА МОТОЦИКЛИСТОТ КОЈ ПРЕГАЗИ ПЕШАК НА КЕЈ Фатон Љури бил свесен дека вози на пешачка патека
Македонија

11 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА МОТОЦИКЛИСТОТ КОЈ ПРЕГАЗИ ПЕШАК НА КЕЈ Фатон Љури бил свесен дека вози на пешачка патека

29/12/2025

AA

Основниот кривичен суд Скопје денеска му изрече казна затвор во траење од 11 години на 25-годишниот Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули годинава, управувајќи мотор „Кавасаки“ по пешачка патека на кејот на Вардар, го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и го напуштил местото на несреќата.

Покрај затворската казна, на обвинетиот му е изречена и забрана за управување со моторно возило од А категорија во траење од 5 години, која ќе започне да се применува по правосилноста на пресудата.

Судот го прогласи Љури за виновен за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од член 297 став 1 во врска со член 300 став 2 од Кривичниот законик.

Според пресудата, обвинетиот управувал мотоцикл без регистарски таблички и без возачка дозвола по пешачка патека на улицата Јордан Хаџи Константинов – Џинот, површина наменета исклучиво за пешаци, со брзина од 35 километри на час.

Притоа, со страничниот дел од мотоциклот удрил во пешакот Југослав Николовски, кој како последица од тешките повреди на черепот и мозокот подоцна починал во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Во образложението на пресудата, судијката Снежана Марковска нагласи дека делото е сторено со евентуална умисла, бидејќи обвинетиот бил свесен дека со движењето по пешачка патека ги крши сообраќајните прописи и може да предизвика штетни последици.

– Како олеснителни и отежнителни околности, согласно член 30 став 2 и 3 од Кривичниот законик, се ценат степенот на кривичната одговорност, јачината на повредата или загрозувањето на заштитеното добро, околностите под кои е сторено делото, однесувањето на сторителот пред и по извршувањето на делото, неговиот поранешен живот, личните прилики и други околности што се однесуваат на неговата личност. Отежнителни околности се и оние што на делото му даваат потежок облик – наведе судијката Марковска.

При одмерување на висината на казната, Судот дополнително го оценил интензитетот на дејствието и прекршувањето на законските забрани, посочувајќи дека умислата ја засилува противправноста. Земени биле предвид и исказите на семејството на починатиот за трајната загуба и нарушениот семеен живот.

Во изречената казна затвор на обвинетиот му се пресметува и времето поминато во притвор, а истиот се задолжува да ги плати и трошоците на постапката. До правосилноста на пресудата, Судот му ја продолжи мерката притвор на Љури. Против оваа првостепена пресуда дозволена е жалба во рок од 15 дена до Апелациониот суд Скопје.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy