Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 11 години од убиствата кај Смилковско езеро –
Македонија

11 години од убиствата кај Смилковско езеро –

12/04/2023

AA

На 12 април 2012, е извршено убиство на петмина лица со огнено оружје кај езерото во атарот на селото Смилковци, близу Скопје.

Убиените се четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево.


Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените. Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција, што сугерира дека има повеќе од еден извршител на чинот.

Истрага


Според Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, четворица од убиените: Славковски, Наќевски, Ацковски и Трпковски, на возраст од 18 до 21 година, отишле да ловат риба на Смилковското Езеро со автомобил околу 15 часот на 12 април 2012, за време на православниот христијански празник Велики четврток. Нивните тела биле откриени облиени со крв вечерта во 22:30 часот од други рибари кои веднаш ја повикале полицијата. На истото место, но подалеку од четирите тела, било пронајдено телото и автомобилот на Борче Стефковски (45), кој исто така ловел риба. За него се претпоставува дека бил убиен подоцна.

 


Увидот на местото на настанот траел преку целата ноќ, сè до до пладне на 13 април 2012 кога телата биле предадени на судските вештаци за обдукција, а автомобилите и чаурите биле подигнати од вештаците на крим-техника. За настанот бил формиран оперативен штаб кој ја раководел операцијата, а голем број на полицајци и инспектори биле на терен за собирање на информации околу евентуалниот идентитет на убијците и мотивот. Во тој момент, во интерес на истрагата, министерството се воздржало од давање други дополнителни информации.

На 14 април 2012, резултатите од обдукцијата покажале дека во жртвите е пукано од три типа на огнено оружје, најверојатно од повеќе напаѓачи. Според министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска: „Пукано е од непосредна близина. Не би можела да кажам колку точно е таа непосредна близина, меѓутоа пукано е од блиску. Видливи се трагите на телата од момчињата од огнено оружје и смртта настапила како резултат на огнострелните рани кои се евидентни на телата на момчињата и телото на петтата жртва, кој не е дел од групата момчиња кои заедно ловеле риба.“

Автомобил „Опел Омега“ со темноцрвена боја бил пронајден на 10 километри од местото на убиствата. Министерката Јанкуловска на 16 април 2012 потврдила дека возилото што го нашла полицијата било на самото место на убиството. „Трагите укажуваат дека токму ова возило било на местото на убиството. Упатуваме апел доколку некој го препознае, го забележал, да се јави на бројот 199“, изјавила Јанкулоска. Возилото било донесено од странство и не било региститрирано во Македонија, но имало украдени регистерски таблички, кои своевремено припаѓале на Мерцедес, кој веќе не учествувал во сообраќајот.

Реакции

Убиствата предизвикаа протести од страна на граѓани на населбата Радишани, од каде потекнуваат четирите убиени момчиња. При протестите граѓаните го блокира пристапот до Радишани и Љуботенски Пат. Заради немири за време на протестот, биле оштетени пет возила, меѓу кои и еден автобус на скопскиот градски превоз. Жителите во изјавите за медиумите изјавувале дека жртвите биле „мирни момчиња кои никому не згрешиле“ и побараа итно да биде расчистен случајот и да биде откриен злосторникот или злосторниците. Во населбата Радишани дошол и градоначалникот на Бутел, Петре Латиновски, кој побарал од сограѓаните да надвладее разумот.

Според министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкуловска, заради настанот биле мобилизирани сите полициски службеници и било зголемено полициското присуство низ Скопје за да се сопре евентуална ескалација на настаните. Според неофицијалните информации, педесеттина лица, главно жители од соседните села и населби, биле повикани на информативен разговор.

Утрото на Велигден, 15 април 2012, по завршувањето на утринската литургија во Со­бор­ни­от храм на МПЦ, премиерот на Македонија, Никола Груевски изјавил:

Из­ра­зу­вам длабоко сочувство до семејствата на убиените. Она што во оваа при­го­да можам да го кажам е дека убијците ќе бидат фатени и казнети. И според за­ко­нот и од Бога. Ако воопшто ваквите луѓе разбираат што е тоа […] Овој настан нè погоди сите нас. Нè погоди до срж, меѓутоа мораме да останеме ис­пра­ве­ни, да продолжиме да се справуваме со предизвиците. Сакам да им ис­пра­там порака и на сторителите дека кога-тогаш правдата ќе ги стиг­не и казната ќе ги стигне.

Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, во исто време, изјавил:

Овие денови не можеме, а да не си спомнеме за убиството на петтемина и да сочувствуваме со нивните семејства и со нивните блиски. Очекуваме тие тоа што го сториле да бидат пронајдени и да бидат казнети.

Метју Брунвасер, дописник од Софија за американскиот дневен весник New York Times („Њујорк Тајмс“), во напис со наслов „Убиствата ги засилуваат етничките тензии во Македонија“ забележува дека „…Македонците беа во жалост заради смртта на петмина сонародници, во ситуација кога има шпекулации дека убијците се етнички Албанци, со што се појавија стравувања за нова рунда на насилство меѓу заедниците.“

На 23 февруари 2013 година во близина на езерскиот брег, на местото викано Кршиколе или Крст, веднаш до заобиколницата бил осветен камен темелник на црквата Црква „Св. 40 Маченици“, која е посветена на убиените момчиња.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Продолжува сообраќајниот колапс на „Богородица“: Се чека и до четири

28/06/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Вардариште полека заминува во историјата, на негово место ќе

27/06/2026
Македонија

Муцунски на „Дубровник форум“: Серија билатерални средби за зајакнување на

27/06/2026
Македонија

Андоновски: Дигиталната трансформација веќе не е апстрактен концепт, туку реалност

27/06/2026
Македонија

Доаѓа топлотен бран во Македонија, какво време ќе имаме во

27/06/2026
Македонија

67 годишник од Тетово измамен за 3400 евра!

27/06/2026
Македонија

ФОТО Сообраќаен колапс: Се чека до 4 часа за влез

27/06/2026
Македонија

Пронајден маж во дом во Карпош

27/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43992
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Продолжува сообраќајниот колапс на „Богородица“: Се чека и до четири часа

28/06/2026

Сообраќајниот метеж на јужната граница повторно ескалира. Од вчера попладне на граничниот премин Богородица, на влез во Македонија, се формираа

Ѓорѓиевски: Вардариште полека заминува во историјата, на негово место ќе никне мега-парк

27/06/2026

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека со интензивно темпо продолжуваат работите за затворање на депонијата Вардариште, која со децении

Муцунски на „Дубровник форум“: Серија билатерални средби за зајакнување на економијата, безбедноста и евроинтеграциите

27/06/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари серија значајни билатерални средби на маргините на годинешниот „Дубровник форум“.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy