Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 100 млади каратисти преживеале хорор патување до Балканското првенство: Родителите гневни!
Македонија

100 млади каратисти преживеале хорор патување до Балканското првенство: Родителите гневни!

02/06/2025

AA

Во организација на Карате федерацијата на Македонија, во средата биле испратени два автобуси со околу 100 млади каратисти на меѓународен турнир во Црна Гора – Балканското првенство во карате. Наместо спортски дух и натпреварувачка атмосфера, децата доживеале стресно и ризично патување, тврдат нивните родители.

Според нив, секој родител платил по околу 210 евра (околу 12.600 денари) за учеството на своето дете, очекувајќи организација на ниво. Наместо тоа добиле, како што тврдат, дефектни автобуси, нечовечки услови за сместување и заглавување среде пат во Албанија.

Автобусите требало да тргнат од Скопје околу пладне во средата, но два автобуси испратени од превозникот биле во лоша техничка состојба и не тргнале воопшто. По двочасовно доцнење, сепак биле доведени други автобуси кои конечно тргнале кон Црна Гора каде пак ги дочекало ново непријатно изненадување.

Хотелот во кој биле сместени младите каратисти, според родителите, бил во катастрофална состојба – полн со бубачки, мувла, а храната била толку лоша што речиси никој од децата не јадел.

Вистинскиот кошмар започнал на враќање од турнирот. Еден од автобусите се расипал среде пат во Албанија, оставајќи ги децата и возрасните патници заглавени со часови. Дополнителна грижа на родителите било тоа што многу од децата останале без батерија на телефоните, и комуникацијата се изгубила.

Родителите се револтирани и прашуваат како е возможно по толку трагедии и предупредувања за безбедноста во јавниот превоз, повторно да се испраќаат деца со неисправни автобуси. Тие бараат одговорност од Карате федерацијата, надлежните инспекторати и институциите, и јавно прашуваат:

„Каква е оваа држава која дозволува нејзината иднина да патува во вакви услови? Дали треба да се случи нова трагедија за да се преземат мерки?“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy