
10 загинати и 10 исчезнати по поплавите во Индонезија
Најмалку 10 лица загинаа, а уште 10 се водат како исчезнати по поплавите и лизгањето на земјиштето што го погодија индонезискиот остров Суматра.
Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во регионот на провинцијата Западна Суматра, принудувајќи околу 46.000 луѓе да се евакуираат во привремени засолништа.
Дождливото време ги отежна напорите за пронаоѓање на 10-те исчезнати. Чамците беа користени за да им помогнат на спасувачите да стигнат до луѓето отсечени од поплавите. Најмалку 14 куќи беа затрупани од лизгање на земјиштето, повеќе од 20.000 куќи се поплавени, а 8 мостови се урнаа.