Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 1 милион луѓе и само еден автопат: Палестинците бегаат по израелското предупредување
Македонија

1 милион луѓе и само еден автопат: Палестинците бегаат по израелското предупредување

13/10/2023

AA

Евакуацијата започна – стотици илјади палестински цивили бегаат во јужниот дел на Појасот Газа по предупредувањето на Израел за евакуација, пишуваат светските агенции.

Областа за која е наредена евакуација е една третина од целата територија на Газа. Предупредувањата го вклучуваат градот Газа, како и два големи бегалски кампа, Џабалија и Кампот на плажа. Ги вклучува и градовите Беит Ханун и Беит Лахија, кои се наоѓаат во близина на контролниот пункт Ерез во северниот дел на појасот. Тој е еден од најгусто населените делови на Појасот Газа.

Во оваа област живеат најмалку 1,1 милион луѓе. Населението на градот Газа е околу 600.000 луѓе, околу 90.000 луѓе живеат во кампот на плажата, а 116.000 луѓе живеат во Џабалија.

Во областа има и најмалку шест болници, како и над 20 клиники за итни случаи.

Секое движење на големи групи луѓе е крајно опасно и може да предизвика паника. Постои единствен автопат кој минува од север кон југ низ Појасот Газа. Резервите на гориво се исто така ниски.

Друг предизвик е што не е јасно дали Израел ќе престане да ја бомбардира областа за да започне со евакуација на цивили.

Огромен дел од луѓето кои се евакуирани се деца, бидејќи речиси половина од населението на Појасот Газа е под 18 години.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Иран негираше напад врз Израел по почетокот на прекинот на огнот

24/06/2025

Иранската државна телевизија денес негираше дека земјата испалила ракети кон Израел само неколку часа откако договореното примирје требало да стапи

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy