
1.840 повици на 112 во изминатото деноноќие – само 38,70% од нив биле реални
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.840 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 38,70%, а 61,30% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 52,42%, кон Итната медицинска помош 39,92%, кон пожарникарите 4,43%, а кон АМСМ 0,36% од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 3,23% со другите 61,30% што се именувани како „неитни повици“, биле на број 1.136 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно коордирнирање за нивно решавање. Тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК).
За дел од повиците, секако, се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.