Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 1.747 повици на 112 во изминатото деноноќие – имало и запалени депонии и контејнери!
Македонија

1.747 повици на 112 во изминатото деноноќие – имало и запалени депонии и контејнери!

28/01/2024

AA

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.747 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 41,50%, а 58,50% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 47,97%, кон Итната медицинска помош 41,33%, кон пожарникарите 4,43%, а кон АМСМ 0,37% од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 5,90% со другите 59,59% што се именувани како „неитни повици“, биле на број 981 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање. Тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК). За дел од повиците, секако, се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.

Согласно информациите во ЦУК, од регионалните центри за управување со кризи во државата се уште има „зимски“ пожари на вегетација на отворено, десетина пријавени во последното деноноќие.
Регионалниот ЦУК Скопје известува дека по добиена пријава на 112 во ЦУК за шумски пожар помеѓу с.Морани и с.Вражеле рид во Општина Студеничани веднаш е известена ЈП „Национални шуми – подружница Караџица“ од Скопје за нивна понатамошна постапка. Во 14:36 часот информираа дека пожарот е на непристапен терен и има само чад и најверојатно е запалено ѓубре. Тимот од ЈП НШ „Караџица“- Скопје користел алтернативен пат односно од другата страна да стигнат поблиску до пожарот оценија дека пожарот и со заладување на времето ќе биде изгаснат. Пожарникарите на БППЗ на Град Скопје од 10:10 до 11:11 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација со површина од 5.000м2 во с.Зелениково (Општина Зелениково). Од 11:25 до 12:10 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалено стрниште на Автопат-Скопје-Велес Општина Петровец. Исто така, во изминатото деноноќие имале уште една помала интервенција поради запален контејнер.
Регионалниот ЦУК Битола, информира дека пожарникарите од ТППЕ Прилеп во период од 17:43 до 18:40 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај „Дета Центар“ (Општина Прилеп)
Регионалниот ЦУК Струмица, информира дека пожарникарите од ТППЕ Струмица од 14:03 до 15:15 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација пред с.Просениково, на повершина од околу 1 хектар. Во период од 18:20 до 18:50 часот со 1 ПП возило и 5 пожарникари интервенирале и на запалени огревни дрва во с. Баница близу Домот за зависници (Општина Струмица). ТППЕ Радовиш од 16:04 до 17:20 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с. Оравица на зафатена повершина од 1 хектар (Општина Радовиш). ТППЕ Гевгелија во период од 15:00 до 17:00 часот интервенирале на запалена нискостебелста шума од Доброволното ПП друштво со 1 ПП возило и 3 доброволци (Општина Дојран).
Регионалниот ЦУК Штип информира дека пожарникрите од ТППЕ Кочани од 17:03 до 17:35 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена дива депонија и ниска вегетација во близина на Фабриката за вода во месноста „Полатски пат“ (Општина Кочани).
Регионалниот ЦУК Куманово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Ранковце дека имала една помала интервенција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy