Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 📷 1.067 СТАРИ НЕЕСКПЛОДИРАНИ БОМБИ НАЈДЕНИ ВО БИТОЛА Отстранувањето се врши постепено и во фази, велат од ДЗС
Македонија

📷 1.067 СТАРИ НЕЕСКПЛОДИРАНИ БОМБИ НАЈДЕНИ ВО БИТОЛА Отстранувањето се врши постепено и во фази, велат од ДЗС

23/04/2026

AA

На Тумбе Кафе во Битола, на стотина метри од куќите, пронајдени се 1.067 неексплодирани убојни средства, рачни бомби и минофрлачки гранати, но има и тромблонски гранати останати од Првата Светска војна, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Во изјава за медиумите, Ангелов посочи дека според стручните лица на Дирекцијата за заштита и спасување се очекува да биде откриена поголема количина убојни средства и затоа локацијата е обележана и забранета за движење.

– На ова место пронајдени се 1.067 неексплодирани убојни средства, рачни бомби и минофрлачки гранати, но има и тромблонски гранати останати од Првата Светска војна, но очекуваме да пронајдеме уште толку, и поголема количина убојни средства бидејќи станува збор за некој импровизиран магацин или локација на која тие биле расфрлени бидејќи пиротехничарите пронашле измешани бомби со гранати. Отстранувањето се врши постепно и во фази бидејќи брзање не е потребно и затоа што безбедноста на граѓаните и нашите стручни лица е во прв ред. Пронајдените гранати се уредно складирани во наш магацин и чекаме одобрение од Министерството за одбрана, а потоа на полигонот Криволак, бомбите да бидат уништени – истакна Ангелов.

Фото: ДЗС
Фото: ДЗС

На средба со новинарите, Ангелов потврди дека екипи на ДЗС ќе продолжат да пронаоѓаат, а потоа и уништат и останатите убојни средства, а дотогаш, местото е обележано со зголемени патроли и присуство на полицијата.

– Апелирам до граѓаните да се избегнува движењето околу ова место и да нема движење околу оваа локација. Инаку, во овој момент ДЗС има само два пиротехничари, еден во Битола и еден во Штип кои ги користиме низ цела држава. Во наредниот период планираме набавка на специјално транспортно возило и прилагодување на постоечките возила што би ги исполнувале минималните безбедносни стандарди за транспорт на опасни неексплодирани средства – истакна Ангелов.

Отстранувањето на убојни средства на Тумбе Кафе го врши Ѓорги Стефанов од Битола кој потврди дека убојните средства се пронајдени на длабочина од 50 до 60 сантиметри од земјиштето на кое се гради приватен објект.

– Првата пријава за пронајдените убојни средства беше на 27 март за што бев информиран од СВР Битола, а по прегледување на теренот констатирав поголема количина бомби и гранати. Дневно отстрануваме по 300 до 400 убојни средства, работиме околу еден месец и извадени се 1.067 убојни средства. Голема е веројатноста дека има поголема количина и ние ќе продолжиме со отстранување, но внимателно, за да се отстранат сите ризици бидејќи со погрешно копање бомбата може да се активира. Целиот процес мора да се одвива рачно бидејќи на овој терен неможе да се работи со машина. Имајќи пред вид дека нема регулатива, јас би предложил да се забрани градба додека не се испита теренот, односно ако некој гради на овој терен, најнапред да се испита теренот со поддршка на пиротехничар. Во секој случај внимателноста мора да биде висока затоа што пред неколку недели добивме дојава од СВР Битола дека во градското шеталиште во Битола се пронајдени три атрилериски гранати од 75 мм кои потекнуваат од Првата Светска војна – изјави пиротехничарот Стефанов.

Гранатите, како што посочи тој, биле пронајдени од деца кои копале ров за да направат скокалници за велосипеди и при копањето пронашле три гранати, кои безбедно биле отстранети.

– Според моите информации во 2000 година на истото место биле пронајдени гранати, но постапката била прекината, а локацијата затрупана – рече Стефанов.

Локацијата на пронајдените бомби и гранати на Тумбе Кафе не е реткост на овој дел од градот бидејќи долги години тука опстојувале армиски касарни со воени магацини, а со новите урбанистички планови, просторот е трансформиран во населба „Златен Рид“.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy