Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 1.000 денари за пензионерите во март – ниту една пензија нема да биде под 15.000 денари
Македонија

1.000 денари за пензионерите во март – ниту една пензија нема да биде под 15.000 денари

03/01/2026

AA

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека во март годинава пензионерите ќе добијат ново покачување на пензиите од 1.000 денари. Тој останува на ставот дека линеарното усогласување е најправедниот модел бидејќи со него директно се намалува јазот меѓу примањата и се ублажува сиромаштијата кај најранливата категорија граѓани.

Според планот на Владата, до април 2026 година вкупното линеарно зголемување на пензиите ќе достигне 7.000 денари. Мицкоски истакна дека пред почетокот на овој процес дури 150.000 пензионери преживувале со примања од 10 до 12 илјади денари. Со новите покачувања, минималните пензии веќе нема да бидат под 15.000 денари, туку ќе се движат во износ од 17 до 19 илјади денари.

Во однос на правните предизвици, премиерот одби да ги коментира постапките пред Уставниот суд, кој неодамна не успеа да донесе одлука за оспорениот закон поради поделеност на гласовите меѓу судиите. Претседателот на Судот, Дарко Костадиновски, појасни дека резултатот од гласањето бил 4-4, па конечната одлука ќе се чека по комплетирањето на судискиот состав со нови членови.

Законот за линеарно зголемување беше изгласан во Собранието во јули минатата година. Со неговата примена, пензионерите веќе добија две покачувања од по 2.500 денари, како и 1.000 денари во септември 2025 година, а претстојната илјадарка во март е продолжение на ветената динамика за подобрување на стандардот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy