Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 1.000 денари месечна поддршка за струја – огласот на министерството за енергетика трае до 19 април!
Македонија

1.000 денари месечна поддршка за струја – огласот на министерството за енергетика трае до 19 април!

08/04/2025

AA

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека е во тек Јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година, наменета за граѓаните што спаѓаат во категоријата на ранливи потрошувачи на енергија.

Финансиската поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија изнесува 1.000 денари месечно и се одобрува за период од 12 месеци, почнувајќи од денот на поднесување на барањето. Пријавувањето трае 30 дена од денот на објавување на огласот (до 19 април), па ги повикуваме сите граѓани кои ги исполнуваат условите да аплицираат навремено и да не ја пропуштат оваа можност за намалување на трошоците за електрична енергија.

Право на поддршка имаат:

Домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен
додаток, со вкупен нето доход во 2024 година под утврдените граници (од 42.000 до
80.000 денари, според бројот на членови).

Згрижувачи на лица, корисници на надоместок за згрижување, чиј доход не го
надминува предвидениот праг (според бројот на членови во домаќинството (од
42.000 до 160.000 денари).

Оние што веќе примаат паричен додаток за енергенси или финансиска поддршка за стари лица не се опфатени со оваа мерка.

Барањето за финансиска поддршка се поднесува со пополнет образец (Образец 1 или 2) и придружна документација. Обрасците се достапни во архивата на Министерството и на веб-страницата: www.ea.gov.mk.

Со барањето е потребно да се достават следните документи:

Изјава заверена на нотар за точност на приложената документација;

Фотокопија од Решение за стекнато право на посебен додаток или надоместок за
згрижување;

Фотокопија од последната сметка за потрошена електрична енергија;

Фотокопија од лична карта на барателот;

Доказ за членовите на домаќинството.

Министерството уште еднаш ги повикува сите кои ги исполнуваат условите да ја
искористат оваа можност и да аплицираат навремено.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy