Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗСФ НА ФАТМИР ЕТЕМИ И СОВРЕМЕН ДОМ ПРИЛЕП ДОКУПИЈА АКЦИИ ВО СКОПСКИ ПАЗАР, СЕГА ИМААТ БЛИЗУ 78 ОТСТО – останува ли неубавиот вкус заради испуштениот „хотелиерски залак“
Економија

ЗСФ НА ФАТМИР ЕТЕМИ И СОВРЕМЕН ДОМ ПРИЛЕП ДОКУПИЈА АКЦИИ ВО СКОПСКИ ПАЗАР, СЕГА ИМААТ БЛИЗУ 78 ОТСТО – останува ли неубавиот вкус заради испуштениот „хотелиерски залак“

21/02/2025

AA

И ЗСФ-КОМ на познатиот бизнисмен Фатмир Етеми, но и Современ дом од Прилеп,
ги зголемија своите акционерски пакети во Скопски пазар.

Тие вчера преку соопштение на Берзата ја известија инвеститорската јавност дека докупиле
акции во таа компанија, со што сега заедно поседуваат 77,64 отсто од капиталот
на компанијата, или поединечно по 38,82 отсто од обичните акции издадени од тоа
друштво со право на глас.

Докупени се и приориотетни акции, но тие немаат право на глас, а од нив двете
компании сега поседуваат 52,51 отсто од приоритетните акции.

Еве какво известување стигна од Скопски пазар.

„Известуваме
дека во изминатиот период акционерот ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје се стекна со
дополнителни 43 обични акции и во моментов поседува вкупно 27.540 обични акции
со право на глас издадени од Скопски пазар, што претставува 38,82 отсто учество во вкупниот број на обични
акции. Истовремено
известуваме дека акционерот Современ дом АД Прилеп се стекна со дополнителни 43
обични акции и во моментов поседува вкупно 27.540 обични акции со право на глас
издадени од Скопски пазар АД Скопје, што претставува 38,82 отсто учество. Во моментов ЗСФ-КОМ ДООЕЛ
Скопје и Современ дом АД Прилеп како акционери кои дејствуваат заеднички
поседуваат вкупно 55.080 обични акции со право на глас или 77,64 отсто од вкупниот број на обични акции
издадени од Скопски пазар“,
објави компанијата преку Македонската берза.

Оттаму информираа и за приоритетните акции и тоа дека ЗСФ се стекнал со дополнителни 78 приоритетни
акции и во моментов поседува вкупно 1.317, што е 9 отсто
учество во вкупниот број, како и дека во истиот период акционерот
Современ дом Прилеп се стекнал со
дополнителни 77 приоритетни акции и во моментов поседува вкупно 6.365
приоритетни акции или 43,51 отсто учество. Односно, двете фирми заедно имаат 7.682
приоритетни акции или 52,51 отсто од
вкупниот број приоритетни акции издадени од Скопски пазар.

Ова значи дека ЗСФ на Фатмир Етеми и Современ дом ја зајакнуваат својата
позиција во Скопски пазар, која во последниов период работи доста успешно и
усварува сосема солидни деловни резултати.

За потсетување, Скопски пазар за првите три квартали од ланската година
прикажа фантастична добивка од 5,7 милиони евра, или таа беше зголемена за дури 347 отсто во однос
на истиот период од минатата година.

Иако, треба да се спомене,
а како што и тогаш пишувавме, дека најголем дел од приливите отпаѓаше на
останати оперативни приходи, дури 5,8 милиони евра, што е раст за дури 624 проценти, и
тоа се оние пари кои се
главната причина за фантастичниот профит.
Притоа, мора да се спомене и дека во јуни лани самата компанија објави
дека му го продаде објектот на Бриколаж на германскиот синџир маркети
Лидл, за сума од над 9 и пол милиони евра. Дали овие пари придонесоа за зголемената добивка, веројатно ќе се
добие подобро објаснување во следниов период.

Инаку, „Скопски пазар“ управува со 12 пазари на отворено во регионот на
Скопје кои располагаат со 2.700 тезги. Воедно компанијата има и деловен простор
од 54.000 квадратни метри кој го издава на свои деловни партнери.

Она што во последниот период беше интересно за
Скопски пазар, но и за двата негови доминантни акционери, е дека тие, иако
влегоа многу храбро во битката за освојување на Македонијатурист, и иако
Скопски пазар успеа преку купување на акции да стане најголемиот поединечен
акционер во таа компанија, со 19,9 отсто, а плус акции купуваа и неговите поединечни акционери, сепак, не успеаја да ја остварат
превласта во таа компанија, а тоа најдобро го покажа формирањето на новиот
Надзорен одбор, каде што не влезе предложениот член на Скопски
пазар.

Имено, како што објавивме, нови членови на НО
се Горан Марковски, кој беше избран и за претседател на тоа тело, како и Горазд Поповски, како независен член, Сашко
Бошков и Олга Павлова. За нив гласале мнозинството акционери на седницата на
Собранието, кое се одржа токму на предлог на Скопски пазар.

Скопски пазар предложи само
еден член, Марјан Ѓорчев, искусен
економист, поранешен градоначалник на Кисела Вода, лице со долгогодишно политичко искуство како член и
потпретседател, пратеник и министер на ВМРО ДПМНЕ, но тој не се најде во составот на Надзорниот одбор, што
значи дека предлогот на Скопски пазар не поминал, што говори, пак, дека иако
оваа компанија има најголем поединечен пакет акции во Македонијатурист,
мнозинството од различни акционери не гласале за нејзиниот предлог.  

А, во НО ќе членуваат Олга Павлова и Горан Марковски, кои беа
предлози на компанијата Чеза Комерц. Таа фирма поседува  6,37 отсто од
акциите на компанијата, но мора да се наведе и дека акционерот Симеон Павлов
кој поседува 10,5 отсто, е исто така и еден од сопствениците на „Чеза комерц“.

Сашко Бошков и Горазд Поповски, пак, беа предлози на „Промедика“, која поседува 11,9
отсто од акциите во „Македонијатурист“.

Иако за членови на Надзорниот добор не поминаа предлозите на еден
од најголемите акционери, М.Г. Фешн, се очекува дека од таа компанија ќе се
изнедрат предлози за членови на Управниот одбор на компанијата, бидејќи таа,
според наши информации, има поддршка и од најголемиот број други акционери во хотелиерското
акционерско друштво.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy