Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зошто земјотресот во Мароко беше толку смртоносен?
Македонија

Зошто земјотресот во Мароко беше толку смртоносен?

12/09/2023

AA

Сеизмичката активност, како што се земјотресите, не е невообичаена во Мароко

Повеќе од 2.500 луѓе загинаа во силниот земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мароко на 8 септември. Епицентарот на земјотресот бил во планините Висок Атлас, 71 километар југозападно од Маракеш.

Земјината кора се состои од неколку тектонски плочи, кои постојано се во движење. Придружна појава на овие движења се земјотреси, вулкани и постојано преобликување на релјефот.

Земјотресот во Мароко е последица на конвергенцијата на евроазиската и африканската плоча. Нивното движење доведе до формирање на планинскиот масив Атлас, кој се протега низ Мароко, Алжир и Тунис. Епицентарот на овој разорен земјотрес бил токму во планините Атлас.

Судирите на евроазиската и африканската плоча, секако невидливи за човечкото око, предизвикуваат скратување и компресија на планините Атлас, што дополнително предизвикува триење меѓу плочите. Научниците веруваат дека овие раседи биле активни долго време, пред неколку милиони години, пренесува Live Science.

Земјотресите не можат да се предвидат

Земјотресите е невозможно да се предвидат, дури и со сегашното знаење за сеизмологијата. Всушност, многу истражувачи веруваат дека тоа нема да биде возможно ниту во иднина. Она што може да го направат сеизмолозите е да ги утврдат областите каде што е најверојатна појавата на земјотреси. Ова е она што тие го нарекуваат долгорочно предвидување, кое се заснова на знаење за сеизмичкото минато и активните раседи во регионот.

Студиите за сеизмички ризик исто така вклучуваат проучување на условите на почвата блиску до површината и карактеристиките на градбата. Имено, неопходно е овие ризици да се применат во градежната практика.

Сеизмолозите велат дека луѓето не гинат од земјотреси, туку од згради. Зградите кои не се приспособени на сеизмичките прописи и без структурна поддршка се потенцијална опасност во таквите области. Затоа, градежната регулатива мора да биде приоритет и треба редовно да се ажурира. Ова е најдобриот начин да се заштитат луѓето од овие катастрофални настани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопските градоначалници се координираат по невремето: Ќе се формираат комисии

22/07/2026
Македонија

„Виз ер“ отвори оперативна база во Приштина, Курти најавува поголем

22/07/2026
Македонија

ФОТО Застој на обиколница, превртена приколка од камион кај Волково

22/07/2026
Македонија

Просечната нето-плата во мај достигна 49.544 денари

22/07/2026
Македонија

Уапсени двајца криумчари, спречени два обиди за криумчарење на мигранти

22/07/2026
Македонија

Ѓорѓиевски на координативен состанок со градоначалниците за последиците од невремето

22/07/2026
Македонија

ВИДЕО Навален крстот на црквата „Св. Јован Крстител“ во Скопје

22/07/2026
Македонија

Министерството за локална самоуправа обезбеди 50.000 литри вода за пиење

22/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44576
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп: Нападот врз Иран беше како бомбардирање на Хирошима

25/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече споредбата меѓу американскиот воздушен напад врз Иран и фрлањето нуклеарни бомби врз Хирошима и

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy