Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗОШТО ВРАБОТЕНИТЕ ВО БИРОТО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ НЕМААТ НИТУ ЗГОЛЕМУВАЊЕ, НИТУ ДОДАТОЦИ ОД ПЛАТА – синдикатот на УПОЗ со жестока реакција
Економија

ЗОШТО ВРАБОТЕНИТЕ ВО БИРОТО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ НЕМААТ НИТУ ЗГОЛЕМУВАЊЕ, НИТУ ДОДАТОЦИ ОД ПЛАТА – синдикатот на УПОЗ со жестока реакција

02/02/2023

AA

Синдикатот на вработените во државната управа и правосудството, УПОЗ, се огласи исто така по повлекувањето на одлуката на министерот за финансии Фатмир Бесими за зголемување на платите во ресорот Финансии за 30 проценти. 

Нивната забелешка е дека исто така постои големо незадоволство од состојбата со платите и во Бирото за јавни набавки, кое е орган во
состав на Министерството за финансии.

Како што е познато, преку ова биро се реализираат јавните набавки во земјава, преку која зделки прават државните и јавните институции, и кои можат да бидат извор на најголема корупција во државните канали. 

„Платите на
вработените во Бирото воопшто не се зголемени со години, ниту пак се овозможи
исплата на додадоци на плата како што беше предвидено за министерствата
минатата година, иако Владата постојано зборува дека борбата против корупцијата и
е главен приориотет, при што јавните набавки имаат централно место во оваа
заложба.

Зошто се
дозволува слабеење на оваа важна институција кога знаеме дека низ системот на
јавни набавки се трошат преку една милијарда евра јавни пари годишно? Законот му
дава на Бирото бројни надлежности за контрола. Во што е работата на Бирото
помалку сложена или помалку одговорна од другите чинители во управувањето со
јавните финансии?

И оваа
институција се соочува со истите ризици на одлив на стручен и искусен кадар
сега кога земјата влезе во евроинтеграциските процеси. Да потсетиме дека Бирото
прво го отвори билатералниот скрининг на земјава со Европската комисија и е
носител на посебно поглавје во кластерот фундаменти, а вработените добија
пофалби за ефикасноста и ефективноста со кои ги реализираа овие клучи
активности.

Зошто никој не
се сетил дека маргинализирањето на Бирото несомнено ќе ги ослабне капацитетите
на државата да управува со системот на јавни набавки и ефективно да се бори
против корупцијата? А неможноста правично да се вреднува трудот на вработените
ќе доведе токму до тоа“, се вели во соопштението од УПОЗ. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44791
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во 8 часот утрово највисоката утринска температура е измерена во Кавадарци, каде што живата

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока на македонско-косовската граница

01/08/2026

Тројца мажи се лишени од слобода, а одземени се две возила и криумчарена стока во акција спроведена на македонско-косовската граница.

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се чека до два часа

01/08/2026

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира утрово Автомото сојуз на Македонија (АМСМ). Според АМСМ, интензитетот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy