Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?
Македонија

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

13/04/2024

AA

По десетина дена молк околу одржаната аукција за избор на универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, конечно одговор за процесот на постапката, пишува А1он.мк.

Откако „А1он“ објави информација која никоја официјално не ја демантираше, дека ЕВН Хоум повторно е избран за универзален снабдувач, дури денеска од Владата со одговор каде велат дека извештајот од Комисијата ќе биде разгледан на наредната владина седница, без да откриваат повеќе информации за текот на постапката.

„Во врска со Вашето прашање коешто е предмет на интерес, Ви посочуваме дека Владата на Република Северна Македонија на наредна седница треба да го разгледа и усвои извештајот од Комисијата за спроведување на постапка за избор на универзален снабдувач по што јавноста веднаш ќе биде известена“, се вели во одговорот во владината прес служба.

Владината прес служба и недела дена по неофицијалните информации дека аукцијата за избор на универзален снабдувач е спроведена и дека на неа победила ЕВН Хоум не открива детали за постапката и аукцијата, која што наместо јавно, се спроведе речиси во тајност, а дел од компаниите кои аплицираат на повикот не добиле никаква информација за нејзиното одржување.

Тактизирањето на Владата со извештајот оправдано ги потхранува сомневањата дека изборот на универзален снабдувач има во најмала рака спорни елементи или станува збор за политичка одлука која треба да се соопшти во безбеден тајминг земено имајќи предвид дека сме среде предизборна кампања.

Познавачите коментираат дека оваа постапката сериозно отстапува во пристапот во споредба со претходната постапка спроведена пред пет години.

Претходно, процесот на селекција се карактеризираше со транспарентност и отчетност. Јавноста беше информирана на секој чекор, медиумите добиваа редовни брифинзи за напредокот, а сите документи и одлуки беа јавно објавени. Сегашната процедура е обвиткана во тајност. А, отсуството на јасна комуникација и транспарентност покрена сомнежи за правичноста и непристрасноста на критериумите за избор.

Изборот на универзален снабдувач за домаќинствата е особено значаен бидејќи целта на оваа постапка е да се обезбеди подобра услуга и пониски цени за граѓаните што може да се постигне само преку здрава конкуренција.

Сепак, информациите кои пристигнуваат од извори во постапката се дека овие цели се занемарени, а постапката се водела во насока да се отстрани вистинска конкуренција.

Наместо да работи во соработка со понудувачите за да се решат какви било технички недостатоци, се чини дека целата постапка е водена со однапред познат исход, ограничувајќи го бројот на конкуренти кои учествуваат на аукцијата. Ова резултираше со само еден остварлив понудувач и минимални промени во маржите, спротивно на принципите наведени во законите за енергија и јавни набавки.

Јавниот повик за избор на универзален снабдувач на домаќинствата и малите потрошувачи беше затворен на 12 јануари. На него се пријавија досегашниот универзален снабдувач, ЕВН, државната компанија ЕСМ продажба и ЕДС АД Скопје. Рокот за негово завршување и избор на нов универзален снабдувач според изјавите на надлежните е 17 април.

Извор: А1он.мк

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се договорил да му изработи собни врати, па услугата не

03/03/2026
Македонија

Тошковски закажа вонредна прес конференција за трагедијата во Карпош

03/03/2026
Македонија

473 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОБАРАЛЕ ЕВАКУАЦИЈА ОД ЕМИРАТИТЕ, КАТАР И ОД

03/03/2026
Македонија

МНР: 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив, Доха и Абу

03/03/2026
Македонија

Обвинителство: Мајката со детето биле сами во станот заклучени од

03/03/2026
Македонија

Едно лице задржано во полициска станица по трагичниот настан во

03/03/2026
Македонија

СЛАБ ЗЕМЈОТРЕС УТРИНАВА ВО ТЕТОВО Потреси и во Хрватска и

03/03/2026
Македонија

Уапсен турски државјанин на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, превезувал

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42163
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се договорил да му изработи собни врати, па услугата не била извршена – тетовец измамен

03/03/2026

На 02.03.2026 во 15:10 часот во СВР Тетово, 75-годишник од тетовско пријавил дека бил измамен од едно лице од Тетово

Тошковски закажа вонредна прес конференција за трагедијата во Карпош

03/03/2026

За 12 часот и 30 минути пред зградата на МВР закажана е вонредна прес конференција на министерот за внатрешнири работи

473 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОБАРАЛЕ ЕВАКУАЦИЈА ОД ЕМИРАТИТЕ, КАТАР И ОД ИЗРАЕЛ Сè уште нема услови

03/03/2026

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот војната во Иран во саботата до

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy