Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зошто и како се случил скопскиот земјотрес?
Македонија

Зошто и како се случил скопскиот земјотрес?

26/07/2023

AA

На 26 јули 1963 година во 05:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (MCS), односно магнитуда од 6,1 степени и длабочина од 5 до 7 км. Главниот потрес траел 20 секунди, а помали потреси имало до 5 часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 150.000 квадратни километри, најсилно низ долината на реката Вардар (5-6 степени), но и низ цела Македонија (4-5 степени), па и во соседните држави. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1070 негови граѓани, а биле повредени над 4000 граѓани. Штетата од земјотресот е проценета на 15% од БДП-то на цела Југославија за таа година или во денешна вредност помеѓу 3 и 5 милијарди долари, односно повеќе од целиот годишен буџет на Република Македонија.

Покрај наведените огромни штети, земјотресот сепак бил од локален карактер, а се смета дека неговиот епицентар бил кај населбата Злокуќани. Иако според магнитудата од 6,1 степени спаѓа во групата на земјотреси со средна јачина (Пехчевскиот и Валандовскиот биле значително посилни со 7,2 и 6,9 степени магнитуда), жариштето (хипоцентарот) било плитко, што придонело за катастрофалниот ефект, големите штети и бројните жртви. Интензитетот на земјотресот  се движел помеѓу 5 и 6 степени според MCS во најмалку погодените делови од градот, па сe до 10 степени каде што имало тотални уривања (околу плоштадот Слобода и во Kарпош). Друга причина за големите разурнувања е и тоа што тогаш ниту една од зградите не била сеизмички проектирана. Масовно биле урнати, пред се објектите со ѕидови од тула.
По земјотресот градот почнал да се гради според модерните проекти на јапонецот Кензо Танге и на Адолф Циборовски (иако при тоа имаше и одредени пропусти кои денес влијаат на поголемата загаденост на градот). Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.
Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики. По неколку дена почнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет. Дури 87 држави во светот испратиле некаква помош во Скопје и помогнале тој да се изгради повторно, поради што градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.
Во Скопје, за првпат во времето на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, се сретнале американски и советски воени сили кои заеднички им помагале на скопјаните.

Катастрофалниот земјотрес од 1963 година е последица од големата сеизмичка активност на Скопската Котлина. Имено, оваа котлина како и другите во Повардарието се дел од лабилната Вардарска тектонска зона (плоча) која е на самиот судир помеѓу огромната Африканска и Евроазиска континентална плоча (всушност, целата територија на Македонија, Грција и Турција се во зоната на судирот). Од друга страна, рамката и дното на Скопската Котлина, со раседи се разбиени на голем број блокови кои на подолг временски рок, главно се во стабилна положба. Меѓутоа, со зголемување на тектонските притисоци од соседните области, блоковите постепено стануваат нестабилни, се натрупува вишок на енергија кој се „исфрла“ токму преку појава на земјотрес. Вакви големи отпуштања на внатрешната (тектонска) енергија, во скопската  област се случуваат на околу 500 години, а мали амортизации има на по неколку години или неколку десетици години. Иако појавата на посилни земјотреси тешко може да се предвиди, сепак активноста на раседните пукнатини низ котлината (од Катланово преку подножјето на Скопска Црна Гора, потоа во подножјето на Водно, долж басенот на Маркова Река и др.), може да укаже на сеизмички размрдувања. За такви цели, во светот во последно време се користат современи инструменти кои го следат и најмалото поместување на земјиштето, како и процесите кои се случуваат во земјината кора. Алтернативни методи пак вклучуваат следење на промените во однесувањето на животните (птиците, змиите, глувците) кои се извонредно осетливи на енергетските „акумулации“ што доведуваат до појава на силен земјотрес. Најдобра превентива сепак е асеизмичко градење на објектите, што за жал во последно време се помалку се практикува токму во Скопје. Иако во следните 100-тина години тешко дека ќе се повтори сличен силен земјотрес (посилен од 6 степени по Рихтер), сепак не треба да не изненадуваат бројните послаби земјотреси од локално потекло или со потекло од соседните трусни области.

Подготвил: д-р Ивица Милевски

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен

14/02/2026
Македонија

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон

13/02/2026
Македонија

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци

13/02/2026
Македонија

📽️ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА СО БЕЛАТА КУЌА Е УСПЕХ НА СИТЕ

13/02/2026
Македонија

Вчера уапсени 10 возачи поради возење без возачка дозвола

13/02/2026
Македонија

Царинските формалности ја забавуваат испораката на онлајн-пратките, појаснуваат од „Пошта“

13/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПАТ КОН ЕУ БЕЗ УСЛОВУВАЊА Посветени сме на

13/02/2026
Македонија

30-годишен скопјанец истепан во трговски центар од жена!

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41440
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен најави модернизација и 10-годишни договори

14/02/2026

Ова е историски најголем буџет за одбрана издвоен во рамки на Владата во овие над 30 години во Македонија. Благодарност

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон средина на следната седмица

13/02/2026

Времето в сабота, 14 декември, ќе биде променливо облачно наместа со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци била активна

13/02/2026

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.З.(40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy