Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗНМ: Судскиот совет има обврска да биде транспарентен кон јавноста
Македонија

ЗНМ: Судскиот совет има обврска да биде транспарентен кон јавноста

09/05/2023

AA

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува денешниот непринципиелен однос на новиот претседател на Судскиот совет Сашко Георгиев да ги отстрани присутните сниматели, а притоа да им биде дозволено присуство на новинарите на седницата. Ова е лоша пракса која може да биде лесно преземена и од други институции и да придонесе кон нарушување на правото на јавноста да биде целосно информирана за работата на судските власти.

Фактот дека една долго воспоставена позитивна пракса за следење на расправата со присуство на сниматели е прекината со едно нелогично образложение дека снимателите ја попречуваат работата и влијаат на концентрација на присутните, без притоа претседателот Георгиев да објасни на кој начин снимателите одеднаш станаа пречка за работењето на советот.

Не гледаме никаква оправданост во причината на оваа донесена одлука од страна на претседателот Георгиев. Согласно Деловникот за работа на Судскиот совет, поточно во член 7 таксативно се наведени околностите со кои може да се исклучи јавноста, но во конкретниот случај не е исполнет ниту еден услов за тоа.

Бараме овој инцидент да биде еден непријатен исклучок, и во иднина Судскиот совет да работи согласно своите надлежности и неговата работа да биде отворена за јавноста како со присуство на новинарите, така и за снимателите.

Очекуваме дека претседателот на Судскиот совет ќе ја преиспита оваа Одлука и во името на досегашната коректна соработка на новинарите и снимателите ќе овозможи услови за присуство на седниците на сите заинтересирани медиумски работници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема

15/02/2026
Македонија

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и

15/02/2026
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
Македонија

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо

15/02/2026
Македонија

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41500
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема да биде оставено само

15/02/2026

Поради долгогодишната негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од страна на претходното раководство, Кичево денес се соочи со

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и изнемоштени лица

15/02/2026

Обилните врнежи предизвикаа сериозни проблеми во повеќе делови низ земјата, а екипите на општините, противпожарните служби и институциите за заштита

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката болница ѝ констатирале телесни повреди

15/02/2026

Пијан скопјанец ја нападнал со нож неговата 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy