Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗНМ и ССНМ: „Фероинвест“ да престане со етикетирање и притисоци врз новинарите од ИРЛ
Македонија

ЗНМ и ССНМ: „Фероинвест“ да престане со етикетирање и притисоци врз новинарите од ИРЛ

10/07/2023

AA

Преку соопштение до медиумите компанијата „Фероинвест“ во која мнозински сопственик е Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер за економија, на недоличен начин преку сериозни обвинувања, прави обид за јавна дискредитација на трудот на колешките и колегите од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Поттик за обидот за медиумско омаловажување на новинарите од овој медиум, како што е наведено во соопштението на „Фероинвест“, е најавата за нова емисија на ИРЛ за компанијата „Брако“ и за модуларните болници, а поврзана со трагедијата во која изгоре модуларна болница во Тетово на 8 септември 2021 година, трагедија во која животите ги загубија 14 сограѓани.

Прво, во нивното соопштение тие се обидуваат да направат конспирација дека „на мета се само компании во сопственост на македонски бизнисмени“, со што се остава впечаток дека останати бизнисмени кои не се етнички Македонци не се од интерес на новинарите во Македонија. Ваквиот наратив е опасен зошто се прави обид за етничка дискриминација во која скриената порака е дека новинарите се селективни, а ова пак може да предизвика и кривични дела од говор на омраза како и насилство кон поединци од медиумскиот сектор. Доколку лица од менаџментот на „Фероинвест“ имаат сознанија за други кривични дела од останати компании во државата, без разлика на етникумот на менаџерите во овие компании, тие се должни да дадат исказ во надлежните институции.

Освен етничката нота во соопштението на „Фероинвест“, се забележува агресивен и клеветнички говор кон ИРЛ: …„после секоја од серијата нивни крајно невистинити, тенденциозни и манипулативни емисии и написи за компаниите на Кочо Анѓушев…“. Овој пристап повторно може да ги направи цел на идни закани и напади медиумските работници, a со тоа и директно да се загрози слободата на изразување и да креира амбиент на самоцензура кај сите новинари.

Трето, преку овој дел од соопштението: „ги повикуваме финансиерите на овој портал, кои порталот ги прикажува како свои поддржувачи, да проценат дали вреди да ги поддржуваат овие појави, од кои се дистанцира професионалната медиумска фела, и дали стојат зад нивните текстови и зад атаците кон македонскиот бизнис и бизнис личности“, се прави јавен притисок не само кон ИРЛ, која е многу пати наградувана редакција токму поради своите новинарско – истражувачки трудови, туку и кон донаторите кои ја поддржуваат нивната работа и општо истражувачкото новинарство во Македонија.

Индикативно е што ваков јавен притисок за работата на ИРЛ се прави пред да се објави нивната емисија, а поврзана за работата на фирмите во рамки на „Фероинвест“. Токму ова, но и грубиот говор како и поттикнувањето на омраза на етничка основа во нивното соопштение, остава сомнеж дека тие сакаат да ја попречат работата на ИРЛ а со тоа и да ги демотивираат останатите новинари и медиуми да имаат интерес за работата на оваа компанија.

Потсетуваме дека доколку менаџментот на „Фероинвест“ има искрен проблем со објави од било кој медиум има законски инструменти и тоа: барање на исправка или демант, а освен ова, медиумските саморегулативни механизми преку Советот на честа при ЗНМ и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) се на располагање на сите граѓани кои сметаат дека не се запазени професионалните стандарди во медиумското известување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДРАМА НА ЛЕТОТ СКОПЈЕ – ПАРИЗ Поради срцеви тегоби на

09/02/2026
Македонија

МАГЛИВО И ВРНЕЖЛИВО ЦЕЛА СЕДМИЦА На планините ќе падне снег

08/02/2026
Македонија

КРАЈ НА ПРИВРЕМЕНИТЕ ДИРЕКТОРИ, УДАР ПО СТАРИТЕ ПРАКТИКИ Минчев најавува

08/02/2026
Македонија

НЕМА ДА МУ СЕ ИЗВИНАМ НА ЗАЕВ, ТОЈ ДА Ѝ

08/02/2026
Македонија

АРМ: Нема нови случаи на шуга кај војниците, состојбата се

08/02/2026
Македонија

📷 ЛИЗГАВИОТ МАГЛИВ ПАТ ИМ ГО ПОМАТИЛ ПЛАНОТ НА КИДНАПЕРИТЕ

08/02/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да се изненадам ако заплената на марихуана достигне

08/02/2026
Македонија

Села бара конкретни мерки за употребата на албанскиот јазик и

08/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41213
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДРАМА НА ЛЕТОТ СКОПЈЕ – ПАРИЗ Поради срцеви тегоби на патник, авионот слетал во Брисел

09/02/2026

Aвион на авиокомпанијата „Визер“ кој летал од Скопје за Париз вчера итно слетал на аеродромот Шарлоа во Брисел бидејќи му

МАГЛИВО И ВРНЕЖЛИВО ЦЕЛА СЕДМИЦА На планините ќе падне снег

08/02/2026

Времето утре, 9 февруари, ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над

КРАЈ НА ПРИВРЕМЕНИТЕ ДИРЕКТОРИ, УДАР ПО СТАРИТЕ ПРАКТИКИ Минчев најавува мерит-систем за 100 институции

08/02/2026

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy