
Златото поскапе по судирот меѓу Израел и Хамас
Судирот помеѓу Израел и Хамас ја зголеми и цената на златото.
Конфликтот ја зголеми политичката несигурноста на Блиски Исток.
Цената на унца злато денеска поскапе за еден процент и се тргуваше за 1.850,70 долари, што е највисоко ниво за една седмица.
Кај фјучерсите на американскиот пазар, унца злато се тргуваше по 1,1 отсто повисока цена односно за 1.865,10 долари.
Централната банка на Израел денеска објави дека ќе продаде девизи во вредност од 30 милијарди долари на отворен пазар за да го стабилизира курсот на домашната валута шекелот.
Израелската Централна банка најави и дека ќе обезбеди ликвидност преку СВАП (SWAP) инструментите во износ до 15 милијарди долари.
Вредноста на израелската валута ослабе во однос на доларот по упадот на палестинските милитанти од движењето Хамас и сега е на најниско ниво во последните 7 години.