Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗК Пелагонија му ја блокираше сметката на ЈП Стрежево
Економија

ЗК Пелагонија му ја блокираше сметката на ЈП Стрежево

11/08/2023

AA

ЗК Пелагонија, најголемиот производител на жито и храна во Македонија, соопшти дека нема повеќе да дозволи да трпи штети, како што велат од таму,  поради неспособноста на менаџментот на ЈП Стрежево, со информација дека е блокирана сметката на ова јавно претпријатие за наводнување.

„ЈП Стрежево со години нанесува материјални штети на ЗК Пелагонија. Одлуката да ја блокираме сметката е единствено во насока да го заштитиме нашиот комбинат после долги години толерирање на неспособноста на раководството на ЈП Стрежево. 

Штетите врз комбинатот се нанесени од повеќе аспекти на работењето на ЈП Стрежево, непрофесионалноста и некомпетентноста на раководството. Секоја година се соочуваме со нефункционирање на цели канали за наводнување, немање доволен притисок на вода за работа на системите за наводнување и постојани дефекти во тек на сезона на наводнување. Со истите проблеми комбинатот се соочува и оваа година и повторно трпиме големи штети. Насадите на ЗК Пелагонија повеќе денови и недели се оставени без капка вода во најкритичните периоди за пченката иако во езерото има доволно вода, но ЈП Стрежево не е способно истата да ја испорача“, тврдат од земјоделскиот комбинат.

Од друштвото велат дека станува збор за судски спор од еден милион евра претрпена штета од 2015 која ЈП Стрежево не ја признава.

„ЗК Пелагонија по добивањето на пресудата од страна на Апелационен суд Битола ТСЖ-262/21 од 11.01.2022 година, не ја блокира сметката на Стрежево и побара спогодбено да се плаќа на рати со цел да не се прават нови жалби и да не продолжува спорот. И, покрај покажаната добрата волја, ЈП Стрежево го оспорува одлучувањето на судот и повторно се потврдува првичната одлука, со нова пресуда донесена од Апелационен суд Битола под број ТСЖ-85/23 од 14.06.2023 година.

И покрај потврдата на одлуката во корист на Комбинатот, не беше активирано  извршување, туку повторно беше понудено плаќање на рати, согласно можностите на Стрежево и потребите на ЗК Пелагонија.

ЈП Стрежево не го испочитува ниту овој договор, а ЗК Пелагонија се доведува во неповолна финансиска позиција во период кога е есенската сеидба, кога средствата за нејзина реализација се крајно неопходни и кое било задоцнување во набавките се одразува на квалитетот на идното производство следната година.

Потенцираме дека поради ваквото непрофесионално и неодговорно работење ние и оваа година 2023 повторно трпиме големи штети“, информиараат од ЗК Пелагонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ

15/02/2026
Македонија

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој

15/02/2026
Македонија

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема

15/02/2026
Македонија

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и

15/02/2026
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41502
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ ЗАБРАНА…  Полицијата привела уште 10

15/02/2026

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи затоа што управувале

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој ќе добие и резиденција во

15/02/2026

Катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид премина во надлежност на поглаварот – архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и тој

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема да биде оставено само

15/02/2026

Поради долгогодишната негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од страна на претходното раководство, Кичево денес се соочи со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy