Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Животниот век во Македонија намален на 73,2 години
Македонија

Животниот век во Македонија намален на 73,2 години

24/03/2023

AA

Во 2021 година очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ бил 80,1 година. Во 2019 година очекуваниот животен век во ЕУ достигна 81,3 години, но потоа се намали за 0,9 години на 80,4 во 2020 година и во 2021 година за дополнителни 0,3, веројатно поради неочекуваниот раст на смртноста од Ковид-19, покажуваат податоците на Евростат.

Очекуваниот животен век кај нас за една година е намалена за 1,2 години од 74,4 години во 2020 на 73,2 во 2021 година. Ова е трето намалување по ред, по пикот од 76,7 години во 2018, па падот на 76,6 во 2019 и 74,4 во 2020 година.

И во 2021 година во ЕУ очекуваниот животен век за жени е 82,9 години, и останува повисок споредено со тој кај мажи – 77,2 години, исто како и кај нас – 71,1 година за мажи и 75,5 години за жени.

Од земјите во регионот најмал очекуван животен век има Бугарија – 71,4 години, по што следи Србија со 72,8 години. Поголем очекуван животен век од нас има Црна Гора – 73,8 години, Албанија – 75,5 и Хрватска со 76,7 години.

Меѓу 2002 година, првата година за која се достапни податоци за сите земји членки на ЕУ, и 2021 година, очекуваниот животен век во ЕУ е зголемен за 2,5 години од 77,6 на 80,1 година. Растот е две години за жени и 2,9 години за мажите.

На ниво на држава, највисок очекуван животен век при раѓање имаат Шпанија – 83,3 години, Шведска – 83,1 година и Луксембург и Италија со по 82,7 години, додека најнизок Бугарија – 71,4 години, Романија – 72,8 години и Латвија – 73,1 година.

По региони во ЕУ во 2021 година највисок очекуван животен век имаат шпанските региони на Мадрид – 85,4 години и Навара – 84,8 години. Потоа следат Оландските острови во Финска со 84,6 години. Шпанските Кастиља и Леон – 84,3, како и  италијанскиот регион Тренто со 84,2 и Стокхолм со 84,1 година.

Од друга страна најмал очекуван животен век имаат три региони во Бугарија – Северо-западен со 69,7 години, Северно-централен – 70,4 години и Југо-источен региони – 71 година. Потоа следи францускиот прекуморски регион Мајот со 71,5 години, па романските региони Север-источен – 72 години и Југо-источен – 72,1 година, како и регионот на северна Унгарија – 72,1 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривична пријава за поранешен градоначалник на Чашка: Незаконски исплати од

13/02/2026
Македонија

Млада велешанка се породила, па си заминала од болница –

13/02/2026
Македонија

Кривична пријава за полицајка од Штип – се сретнала со

13/02/2026
Македонија

ЦВЕТА РИСТОВСКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА „Никогаш немав намера

13/02/2026
Македонија

Пад на температурите од утре: Ќе има врнежи од дожд,

13/02/2026
Македонија

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

13/02/2026
Македонија

Струга сè уште без вода за пиење: Матноста во изворот

13/02/2026
Македонија

ОДАНОЧУВАЊЕТО НА ПРАТКИТЕ ДО 22 ЕВРА ЈА ПРЕБУКИРА ПОШТАТА Он-лајн

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41413
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривична пријава за поранешен градоначалник на Чашка: Незаконски исплати од 725 илјади денари

13/02/2026

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека

Млада велешанка се породила, па си заминала од болница – бебето го оставила!

13/02/2026

СВР Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање

Кривична пријава за полицајка од Штип – се сретнала со друга полицајка, насилно ја внела

13/02/2026

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy