Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Жителите на Македонска Каменица ќе добијат нов дигитален рендген апарат – донација од Рудник САСА
Македонија

Жителите на Македонска Каменица ќе добијат нов дигитален рендген апарат – донација од Рудник САСА

03/01/2024

AA

Во рамки на својата континуирана поддршка на локалната заедница, Рудник САСА и групацијата Центар Азија Металс донесоа одлука за реализација на донација која треба да придонесе за подобрување на здравствените услуги за жителите во општина Македонска Каменица. Со најновата донација вредна над 80 илјади евра, што се реализира преку Фондацијата на Рудник САСА, ќе се набави најсовремена опрема за дигитална радиографија – рендген апарат и ќе се постави во Здравствената станица во Македонска Каменица.

Со Договорот за донација што го потпишаа директорот на Фондација САСА, Ивица Талевски и вршителот на должноста директор на ЈЗО Здравствен дом „Гоце Делчев“ од Делчево, Зоран Ѓорѓевски, е предвидено новата опрема да се користи само во просториите на Здравствената станица во Македонска Каменица. Истовремено, здравствениот дом, како примател на донацијата, презема обврска да обезбеди и стручен кадар кој ќе биде обучен од страна на добавувачот на опремата за нејзината правилна употреба.

„Здравјето е исклучително важен дел од животот на нашите вработени и локалната заедница и затоа нашата цел како компанија е да водиме грижиме за него. Покрај вложувањата и мерките што ги спроведуваме во рамки на САСА, наменети за нашите вработени, со задоволство донираме и во системот на јавното здравство со цел да помогнеме да се одржи неопходно ниво на здравствена заштита за луѓето од целата наша заедница“, изјави директорот на Фондација САСА, Ивица Талевски.

Донираната опрема претставува најнов модел на современ медицински апарат, произведен во 2023 година, што користи најнапредна дигитална технологија која овозможува извршување на прецизни рендген снимања и дијагноза.

„Оваа најсовремена опрема за дигитална радиографија ќе овозможи значително зголемување на квалитетот на сите рендген снимања и ќе овозможи прецизно поставување на дијагноза и соодветен третман на пациентите. Тоа е од особено значење за локално население на општина Македонска Каменица, затоа што ќе го унапреди целокупното ниво на примерна здравствена заштита што тие ја добиваат во јавната здравствена станица во нивниот град“, изјави директорот на Здравствениот дом „Гоце Делчев“, Зоран Ѓорѓевски, заблагодарувајќи се на САСА за најновата донација, како и за нивната постојана грижа и вложувања во здравството.

Во Договорот за реализација на донацијата е предвидено дека набавката, инсталацијата на опремата и обуката на кадарот, треба да се изврши најмногу за 90 дена, по што новиот апарат за дигитална радиографија ќе биде ставен во функција за потребите на жителите на Македонска Каменица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ

20/02/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене

20/02/2026
Македонија

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026
Македонија

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на

19/02/2026
Македонија

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ОТПАДНА ОД КОНКУРЕНЦИЈА Нема да биде државен јавен

19/02/2026
Македонија

Хоџа: Делегација од Турција со 30 бизнисмени заинтересирана за инвестиции

19/02/2026
Македонија

Десетмина пред суд по заплената на пет тони марихуана во

19/02/2026
Македонија

ИСТРАГАТА ЗА ДРОГАТА ЗАПЛЕНЕТА ВО СРБИЈА ВОДИ КОН ВАЖНИ ИМИЊА

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41685
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ ВО СРБИЈА За двајца е

20/02/2026

Десет лица се приведени во рамки на истрагата за петте тони марихуана откриени во Србија. Попладнево лицата се изведени пред

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене ги гледа како сламка за

20/02/2026

Имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште и се обидува преку ад-хоминем напади да се догребе до некоја

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026

Сѐ додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy