
ЖИТЕЛИТЕ НА КИСЕЛА ВОДА ДОБИЈА ПАРНО: ЕСМ го поправи дефектот
Екипите на ЕСМ
Дистрибуција на топлина во тек на вчерашниот ден го
локализираа дефектот на дистрибутивната топловодна мрежа во населбата Кисела
Вода, соопштуваат од компанијата.
Додаваат дека по локализирање на
дефектот, утрово повторно е воспоставена нормална испорака на топлинска
енергија за најголем дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода.
– Екипите на ЕСМ
Дистрибуција на топлина и денес се на терен и интензиво работат на санација
на дефектот, со цел истиот да биде саниран во најкус можен рок.
Во попладневните часови
во тек на вчерашниот ден, поради високите надворешни температури не се вршеше
испорака на топлиснка енергија – објаснуваат од компанијата.
За дополнителни
информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за
потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.

