Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Жител на село Агларци загина во сообраќајна несреќа, неговите малолетни деца се тешко повредни 
Магазин

Жител на село Агларци загина во сообраќајна несреќа, неговите малолетни деца се тешко повредни 

20/12/2023

AA

 

БИТОЛА – Жител на пелагониското село Долно Агларци загина во сообраќајна несреќа на патот Битола-Новаци, во правец на РЕК „Битола“ а неговите две малолетни деца се тешко повредни. Во несреќата учествувале уште неколку возила од Битола, Ресен и возило со албански регистарски таблички. Неофицијално причина за тешката сообраќајка е густата магла која вчера ја налегна Пелагонија. 

Според официјални информации од СВР Битола несреќата се случила пред 19 часот  на регионалниот пат Битола – Маково помеѓу патничко возило марка  „сеат”со битолски регистарски ознаки управуван од С.Н. (41) од с. Долно Агларци, Општина Новаци и сопатници во возилото, неговата сопруга  М.С.Н. (36) и двете деца на возраст од 6 и 10 години. Во несреќата учестуваат и патничко возило марка „бмв” со ресенски регистарски ознаки управуван од Ј.В. (29) од Ресен и двајца сопатници од Ресен, патничко возило марка „рено”со битолски регистарски ознаки управуван од Ј.О. (48) од Битола и товарно возило марка „даф” со прикачена полуприколка со албански регистарски ознаки управуван од В.К. (38) од Албанија.

„Во несреќата од здобиените повреди возачот С.Н. (41) починал, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, додека со тешки телесни повреди се здобиле децата на возраст од 6 и 10 години, уште три лица се се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола“, изјави Сања Стаматова портпарол на СВР Битола. (А.Б.) 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44991
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026

Утрово телото на Лирим Хајредини е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава 4news.mk Според наши информации станува збор

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна во Голем

13/08/2026

Четиргодишниот Богдан од Македонија, кој беше пријавен за исчезнат во познатото летувалиште во Голем во Република Албанија е пронајден жив

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy