
ЖЕНА ПРЕГАЗЕНА НА УЛИЦА ВО КАВАДАРЦИ Пренесена е во болница со тешки повреди

Педесет и двегодишната К.Е. од селото Марена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што попладнето се случила на улицата „Шишка“ во Кавадарци. Според информациите, во неа удрило патничко возило „фиат“ со локални регистарски таблички, управувано од 50-годишниот З.Т. од Кавадарци.
Повредената жена била пренесена во Општата болница во Кавадарци, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди. Од ОВР Кавадарци беше извршен увид на местото на несреќата.
.

