Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗГРАДА ВО БЕЛГРАД ПРОДАДЕНА ЗА 52 МИЛИОНИ ЕВРА: Величествениот објект има 18.000 квадратни метри, а во купувањето учествувал и зетот на Орбан
Економија

ЗГРАДА ВО БЕЛГРАД ПРОДАДЕНА ЗА 52 МИЛИОНИ ЕВРА: Величествениот објект има 18.000 квадратни метри, а во купувањето учествувал и зетот на Орбан

25/02/2025

AA

Полската компанија ГТЦ, инвеститор и развивач на недвижнини во Централна и Источна Европа, објави дека ја завршила продажбата на деловната зграда ГТЦ Х во главниот град на Србија, Белград, за 52 милиони евра.

Зградата се наоѓа на улицата Милутин Миланковиќ во Нов Белград и се состои од речиси 18.000 квадратни метри деловен простор, заедно со 300 паркинг места во подземна гаража на три нивоа. Отворен е во 2022 година.

Како што пренесува Блумберг Адриа, компанијата не го откри името на купувачот, но Кинстелар, советник на ГТЦ за трансакцијата, во посебно соопштение изјави дека деловната зграда е продадена на белградската Форстоун Реалти.

ГТЦ, Индотек и зетот на унгарскиот премиер

Компанијата ГТЦ стана позната на пошироката јавност кога пред четири години одлучи да го продаде своето портфолио на деловен простор во Белград на унгарскиот инвеститор Индотек Груп за 267 милиони евра. Проектите опфатија 11 згради во пет деловни паркови (Green Heart, FortyOne, белградски деловен центар, 19 Avenue и GTC House), на површина од 122.175 квадратни метри со висока стапка на искористеност во Нов Белград.

Подоцна, Indotek Group ги продаде истите згради на Diofa Fund Management, која е дел од BDPST Group, за необјавена сума. Сопственик на BDPST Group е Иштван Тиборц, зет на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

ГТЦ сега активно управува со портфолио на комерцијални недвижности од 45 деловни згради кои обезбедуваат приближно 745.000 м2 канцелариски и малопродажен простор достапен за изнајмување во Полска, Будимпешта, Букурешт, Белград, Загреб и портфолио на станбени недвижности во Германија во Кајзерслаутерн, Хелмштет и Хајденхајм од речиси 5.200 станбени единици.

BiznisKurir.rs/Bloomberg

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5,

11/04/2026
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
Македонија

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026
Македонија

Хуман гест за Велигден: Стефан Спироски ќе подари 1.000 парчиња

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42378
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026

На 11.04.2026 во 02:35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Б.(55) од Штип, постапувајќи

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари,

11/04/2026

Дизелот ќе поевтини за 2,5 денари за литар, а бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, најави денеска

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле без дозвола, а двајца под

11/04/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy