Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Зголемено користење на гасот, клучен енергент во наредните децении“: Божиновска на Енергетскиот форум за плановите за развој
Економија

„Зголемено користење на гасот, клучен енергент во наредните децении“: Божиновска на Енергетскиот форум за плановите за развој

07/09/2024

AA

Министерката за енергетика, рударство
и минерални суровини Сања Божиновска учествува на Eнергетскиот форум на
Југоисточна Европа (SEEF 2024) што денеска се одржува во Солун, Република
Грција. На осмото, по ред, издание на овој значаен настан од сферата на
енергетиката, Божиновска беше панелистка на тема: „Енергетската соработка во
регионот на ЈИЕ и Источниот Медитеран: Пресвртница за енергетската безбедност
на ЕУ“.

„Имав можност и привилегија да
зборувам за значајни енергетски теми кои во моментов се во фокусот на
европската јавност. Заедно со колегите министри за енергетика и соодветните
ресорни министерства од Грција, Албанија, Бугарија, Косово, Романија и Египет
разменивме мислења и ставови, како и можни насоки за енергетската стабилност
кои верувам дека ќе ги реализираме во наредниот период, рече Божиновска по
завршувањето на Панел дискусијата.

Во својот настап, Божиновска, се
осврна на предизвиците со кои се соочуваат земјите од регионот, потенцирајќи го
значењето на зелената транзиција, преминот од традиционални кон обновливи извори
и потребата од декарбонизација. Нашата држава како дел од еден комплексен
систем е неизоставен дел од регионалниот енергетски систем кој не може да се
гледа одвоено, туку единствено како интегрален дел од сите понатамошни
инвестициски циклуси и развојни планови на ЈИЕ.

„Сите вклучени чинители кои имаат
своја улога во процесите поврзани со зелената транзиција во поширок социо –
економски контекст треба да се единствени во заложбата за градење одржливи, функционални
и транспарентни механизми за поддршка на регионалната соработка. Ние како Влада
ќе имаме витална и проактивна улога кон обликување на енергетската безбедност
на земјите од Југоисточна Европа. Влезени сме во процесот кон еколошки одржливо
сценарио на сите нивоа, отворивме широк фронт на активности во врска со праведната
транзиција, која практично е составен дел од зелената агенда, но истовремено
користиме внимателен пристап, затоа што се уште зависиме од базни извори на
енергија. Целиме кон зголемено користење на гасот, кој практично го гледаме
како клучен енергент во наредните децении, преку целосна гасификација и
изградба на когенеративни централи. Истовремено, продолжуваме со инвестиции во
обновливи извори, преку изградба на фотоволтаици и ветерни паркови“ – истакна
Божиновска.

На маргините на Форумот, Божиновска
оствари средби со претставници на грчките 
компании Хеленик Енерџи холдинг, како и со грчката команија ДЕСФА која
работи на дел од гасоводот во земјава. 

Енергетскиот форум на
ЈИЕ е еден од најреномираните настани во регионот кој на едно место ги собира
клучните креатори на политики, регулатори, инвеститори, претставници на
приватниот сектор, професори и експерти кои презентираат и споделуваат добри
практики околу енергетските трендови и предизвици во регионот. Настанот го
организира  Американско-грчката стопанска
комора и Грчката асоцијација за енергетска економија во соработка со Амбасадата
на САД во Грција, во стратешко партнерство со Атланскиот совет и Глобалниот
енергетски институт на Стопанската комора на САД. 

Повеќе информации за настанот: https://www.amcham.gr/events/event/seef/

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ: Откако Мицкоски се откажа од нов авион, парите да

18/02/2026
Македонија

Без паника: Ќе има вежба за евакуација во охридското училиште

18/02/2026
Македонија

АМЕРИКАНЕЦ НАПАДНА ПОЛИЦАЈЦИ КАЈ ДЕМИР КАПИЈА Одбил да даде документи,

18/02/2026
Македонија

Одложено рочиштето за „Кочани“: Еден од обвинетите хоспитализиран!

18/02/2026
Македонија

Мицкоски: Сузбивањето на сивата економија е клуч за повисоки плати

18/02/2026
Македонија

Хуманитарна акција на Црвениот крст: Помош за настраданите од поплавите

18/02/2026
Македонија

Три пожари низ Струмица, пожарникарите во акција!

18/02/2026
Македонија

ССМ ПРЕМОЛЧУВА ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ КАКО ОПОЗИЦИЈА ГО ЗАШТИТИ РАСТОТ НА

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41610
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ: Откако Мицкоски се откажа од нов авион, парите да се наменат за минимална плата

18/02/2026

Од СДСМ велат дека денеска конечно Законот за минимална плата поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалцијата се нашол

Без паника: Ќе има вежба за евакуација во охридското училиште „Кочо Рацин“

18/02/2026

Утре (19.02.2026 година) во 10 часот, во општинското основно училиште „Кочо Рацин“, ќе биде одржана показна вежба за евакуација по

АМЕРИКАНЕЦ НАПАДНА ПОЛИЦАЈЦИ КАЈ ДЕМИР КАПИЈА Одбил да даде документи, па завршил во полициска станица

18/02/2026

36-годишниот Американец Р.С. бил уапсен два часа по полноќ поради инцидент на наплатната станица кај Демир Капија, бијдеќи се заканил

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy