
ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ТУРИСТИ ВО ЗЕМЈАВА ВО ПРВИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ: Еве ги најновите бројки, странците побројни
Зголемен бројот на туристи во Македонија во текот на првите шест месеци од годинава во споредба со истиот период минатата година.
Најновите податоци кои ги објави Државниот завод за статистика велат дека има раст од 18,8 проценти, и притоа поголем е растот на странски посетители.
– Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2023 година изнесува 110.319, од
кои 23,5 отсто се домашни туристи, а 76,5 проценти се странски туристи – наведува ДЗС во извештајот.
Тие посочуваат дека бројот на ноќевањата во јуни 2023 година изнесува 225.092, од кои 30,6 отсто се од домашните туристи, а 69,4 проценти од
странските туристи.
Во периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е
зголемен за 30,1 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,8 проценти, а кај странските има зголемување за
46,8 отсто.
– Во периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 18,8 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1,2 проценти, а кај странските има зголемување за
32,9 отсто – потенцира ДЗС во извештајот.