Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗЕМАЛЕ ЗЕМЈА ПОД КОНЦЕСИЈА, НЕ ЈА ОБРАБОТУВАЛЕ, ЈА ИЗНАЈМУВАЛЕ НА ДРУГИ И ПАК ДОБИВАЛЕ СУБВЕНЦИИ!? Министерот Трипуновски открива тешки злоупотреби во неговиот ресор и бара одговорност
Македонија

ЗЕМАЛЕ ЗЕМЈА ПОД КОНЦЕСИЈА, НЕ ЈА ОБРАБОТУВАЛЕ, ЈА ИЗНАЈМУВАЛЕ НА ДРУГИ И ПАК ДОБИВАЛЕ СУБВЕНЦИИ!? Министерот Трипуновски открива тешки злоупотреби во неговиот ресор и бара одговорност

04/12/2025

AA

Треба да има одговорност за сите злоупотреби со земјоделското земјиште што се случиле во минатото – истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во своето гостување во емисијата „Клик плус” на ТВ21.

– Изминатава година и половина, покрај враќањето во нормала на македонското земјоделство, работиме и на откривање на евентуални злоупотреби што се случувале, затоа што ветувањето пред граѓаните беше дека ќе провериме како секој работел во минатото. За мојот ресор можам да кажам и да потсетам дека изминативе месеци имам поднесено повеќе од шест кривични пријави против поранешни функционери во Министерството – посочи министерот Трипуновски.

Тој додаде дека при секоја прилика апелира да се постапи по овие случаи, бидејќи станува збор за народни пари.

– Една од првите пријави што ја поведов како министер беше за една фирма од Струмица, која има склучено над 19 договори со Министерството. Управителот на таа фирма бил помлад од 40 години и затоа бил ослободен од плаќање на закуп кон државата. Понудената закупнина, претпоставувам намерно, била повисока за да биде избран како најповолен понудувач и да се елиминира конкуренцијата – појасни министерот.

Министерот Трипуновски додаде дека при првичните контроли на терен утврдиле дека во најголем дел земјиштето не било обработувано, а имало и случаи каде концесионерот го давал земјиштето под закуп на трети лица, што е спротивно на Законот.

– Истата компанија се обврзала да реализира инвестиција од над два и пол милиони евра. Во контролата утврдивме дека речиси никаква инвестиција немаше на предметното земјиште. Дополнително, во овој период биле искористени средства по основ на субвенции, кои Платежната агенција ги исплатила кон овој правен субјект – рече министерот.

Тој појасни дека фирмата земала земјоделско земјиште, не го обработувала, дел од него го давала на трети лица, а притоа земала субвенции во износ од над 20 милиони денари.

– Втор пример за злоупотреба на земјоделско земјиште е субјект кој имал раскинат договор со Министерството, но не му било одземено владението. За тоа требало да биде известена Агенцијата за катастар на недвижности, за да се избрише корисничкото право, а не било. Не била известена ниту Платежната агенција дека имаме раскинат договор, па фирмата продолжила да користи субвенции на кои не смеела да има право – истакна министерот Трипуновски.

Министерот додаде дека секоја злоупотреба мора да биде санкционирана и очекува надлежните органи да реагираат.

– Во време на опозиција алармиравме по добиени информации од свиркачи дека се злоупотребуваат државните резерви. Сега слушаме дека биле отпишани над 1.500 тони пченица и 500 тони јачмен од стоковите резерви. Начинот на кој тоа е направено, дали е направено и како е изведена целата операција, на тоа треба да одговорат токму тие за кои сега читаме дека се обвинети – истакна министерот за земјоделство Tрипуновски.

Тој нагласи дека никој не смее да се поставува над Законот и да презема дејствија што се на штета на државата и на буџетот.

– Ќе почекаме да заврши истрагата и го охрабрувам Јавното обвинителство и за овој случај, и за сите претходни што јас ги имам поднесено, да отвори постапки и да утврди евентуална одговорност и оштета на државниот буџет”, посочи министерот Трипуновски.

Министерот Трипуновски додаде дека стоковите резреви се нешто што треба да биде заштитетно како државен интерес.

– Во минатото стоковите резерви со пченица се полнеа преку посебни набавки, во кои во најголем дел учествуваа компании од Македонија што увезуваа пченица од странство. Една од првите активности што ги презеде Министерството заедно со Владата беше стоковите резерви да се полнат од сопствено производство – додаде министерот.

 

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!

02/03/2026
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
Македонија

„СЕДИ ДОМА И СИ ПИЕ ЧАЈ“ Димитриевски вели дека куќниот

02/03/2026
Македонија

„Денес се случи убиство, целиот наш систем потфрли!“

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42153
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026

Сообраќајна несреќа се случи вечерва кај Соборниот храм во Центар. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола и се качил на

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата ќе плати 37 милиони евра

02/03/2026

Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека во проектот за автопатот Кичево–Охрид биле изоставени клучни безбедносни елементи, меѓу кои

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy