
Земјотрес потресе вулканска област во близина на Неапол
Во средата наутро во вулканско поле во близина на италијанскиот град Неапол е регистриран земјотрес со јачина од 4,2 степени, најсилен во последните 40 години. Според властите, сепак, тоа не предизвикало никаква штета, пренесе Ројтерс.
Потресот, дел од повеќе од 60 сеизмички настани регистрирани од раните утрински часови во вторникот, е откриен во 3:35 часот (01:35 часот по Гринич), соопшти Италијанскиот институт за геофизика и вулканологија (INGV).
Тоа го почувствувало населението, но според првичните проверки засега не е откриена штета, се вели во соопштението на италијанската служба за цивилна заштита.
Флегрските полиња се област со бројни вулкански кратери на западното периферија на Неапол, која постојано се следи за земјотреси или вулканска активност.
Во оваа зона е забележан феноменот на брадисеизам – бавно издигнување или тонење на површината на земјата.
Фазите на подигнување „се придружени со интензивна локална сеизмичка активност“, објави службата за цивилна заштита на својата веб-страница.
