
Земјотрес го стресе Кахраманмарас во Турција
Земјотрес денеска ја погоди Турција.
Потрес со јачина од 4,1 степени го погоди турскиот Кахраманмарас, место кое претрпе силен земјотрес во февруари оваа година. Епицентарот бил во населбата Нурхак во Кахраманмарас. Во Малатија пред два дена имаше земјотрес со јачина од 4.8 степени.
