
Зеленски воведе санкции кон Кина
Украина воведе санкции против неколку кинески субјекти, според претседателскиот декрет што стапи на сила денеска.
Одлуката доаѓа откако претседателот Володимир Зеленски ја обвини Кина дека и доставува оружје на Русија, а двајца кинески државјани неодамна беа заробени додека се бореле на руска страна против Украина.