Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Заврши расправата по предложените измени на Законот за работни односи
Македонија

Заврши расправата по предложените измени на Законот за работни односи

17/05/2023

AA

Пратениците денеска попладнево ја завршија расправата по Предлог законот за измени на Законот за работните односи, кој е дел од пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10, а гласањето ќе биде дополнително закажано.

Во текот на дебатата пратениците од опозицијата беа на ставот дека овие законски измени се спротивни на владеење на правото, затоа што, велат, законот ги поробува работниците, наместо да ги ослободува. Пратениците од мнозинството порачаа дека измените на законот се прават за поефективно, поефикасно и поевтино да се реализираат инфраструктурните проекти кои се од стратешки и национален интерес.

Според пратеничката Олга Лозановска од ВМРО-ДПМНЕ, да се работи 72 часа во текот на работна недела е директен напад на здравјето и безбедноста на работниците. Лозановска е на ставот дека Законот за работни односи е противуставен. Според неа, Владата ги гледа своите интереси, жртвувајќи ги интересите на работниците и нивните семејства.

-Во изминатите неколку денови сведоци сме како Владата по брза постапка без дебата во Собранието носи закони спротивни на голем број начела и уставни одредби. Ваквото носење на законски измени по скратена постапка со европско знаменце е насилно, криминал кој Владата го прави. Законот за работни односи е противуставен, Уставниот суд донесе одлука за укинување на оспорениот член бидејќи е во спротивност со темелната вредност владеење на правото предвидена во член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот како спротивен на членот 9 според кој граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. Уставниот суд оцени дека со овој член се повредува правото на дневен и неделен одмор, односно дека е во спротивност со членот 32 став 4 од Уставот. Таквата одлука на Уставниот суд е конечна, потенцираше Лозановска од собраниската говорница.

Пратеничката Белкиса Зеќири од СДСМ рече дека со овие законски измени се уредува дополнителната работа која ја има во регионот и во европските земји, како и работата во недела, по претходна писмена согласност на работникот.

-Вработените ќе имаат доброволна можност за работа 60 часа неделно. Вработените ќе бидат платени за секој работен час, вклучувајќи ги сите релевантни зголемувања за прекувремената работа. Со овие измени се поедноставуваат процедурите кои ќе го олеснат делувањето на терен, додаде Зеќири.

Таа напомена дека измените на законот се прават со цел поефективно, поефикасно и поевтино да се реализираат проектите кои се од стратешки и национален интерес.

Пратеничката Љубица Спасова од СДСМ е на ставот дека прекувремената работа не е експлоатација, туку вистинска можност за екстра заработка, по желба на работникот.

Според пратеникот Зоранчо Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ, донесување на овој закон е во спротивност со темелната вредност на владеење на правото, предвидено во Уставот и оти според Законот за работни односи, работното време не смее да биде подолго од 40 часа неделно.

-Наместо Владата да објасни зошто ги предлага овие законски измени, тие сакаат да го протуркаат со европско знаменце и да нема расправа во Законодавниот дом. Носење на законски измени по скратена постапка под „превез“ на европско знаменце е насилие и криминал, кој што Груби и Ковачевски се обидуваат да го прават во името на Европската Унија, што целосно штети на интегративниот процес на Македонија во ЕУ, додаде Јованчев, посочувајќи дека, како што вели, криминалот не е европска вредност.

Пратеникот Димитар Апасиев од Левица порача дека со овие законски измени предлагачите се обидуваат „да воведат нормално ропство под европско знаменце, со афрички стандарди“. Според Апасиев, сега имаме ситуација во која законот ги поробува работниците, наместо да ги ослободува, за што, вели, следува кривична одговорност.

-Кој ќе одговара за „Бехтел и Енка“? Најпрвин, ќе одговара Бочварски како потписник на договорот, согласно член 377 од Кривичниот законик, за сторено кривично дело против правосудството, неизвршување судска одлука. Потоа, ќе одговара предлагачот, во случајов предлагач е заменик министерот Енвер Хусеин, по член 361 од Кривичниот законик, а тоа е фалсификување на исправа. Трет кој ќе одговара е претседателот на Собрание Талат Џафери, за кривично дело несовесно работење во службата, кој бил должен ваквиот документ да го врати на предлагачот, рече Апасиев.

Пратеникот Арбер Адеми од ДУИ посочи дека во предлогот на Законот не е определено колку часа ќе се одвива работата прекувремено, бидејќи тоа зависи од многу процеси. Тој ги обвини пратениците од опозицијата дека ги блокираат законите и не закажуваат дебата за проекти кои се многу важни за граѓаните.

За оваа точка, гласањето ќе биде дополнително закажано.

Собранието утре напладне ќе продолжи со работа по 115-та седница.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44909
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW, граѓаните ги добиваат првите е-услуги

07/08/2026

Идниот национален дата-центар нема да биде гигантски комерцијален објект, туку компактен и ефикасен систем со инсталирана моќност под еден мегават,

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со температури до 40°C

07/08/2026

Територијата на целата држава утре (8 август 2026 година) ќе биде зафатена од висок температурен бран. Времето ќе биде сончево

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy